19.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаОтворен првиот плоштад за велосипеди во Скопје.

Отворен првиот плоштад за велосипеди во Скопје.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во рамки на Транспортниот центар во Скопје денеска беше отворен првиот плоштад за велосипеди – Велоштад. Велоштадот покрај држачите за безбеден паркинг на велосипеди и сервисна станица за велосипеди, опфаќа и гардеробер за брзо пресоблекување, кабини за долготрајно паркирање на велосипедите, фонтана за вода за пиење и соодветна урбана опрема која дополнително го хуманизира овој простор.

<

– Велоштад – плоштад за велосипеди во нашиот град е овде кај Железничката станица, локација којашто заедно со Скопје Лаб од 11 понудени ја избраа токму велосипедистите. Овде отвораме првпат место каде што велосипедите ќе бидат безбедни и ќе може велосипедистите да ги остават тука и да продолжат да користат јавен транспорт или воз и да можат безбедно да се вратат со велосипед, со што овозможуваме комбинирање на урбаното движење во нашиот град, рече градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, кој заедно со амбасадорот на делегацијата на ЕУ во земјава, Дејвид Гир, присуствуваше на отворањето на Велоштадот.

Ова, потенцира градоначалникот на Град Скопје, е реализација на идејата да се примени принципот на мултимодалност во велосипедските политики со кои на граѓаните им се нуди можноста безбедно да ги паркираат своите велосипеди кај Транспортниот центар од каде што ќе можат да продолжат да користат воз, меѓуградски автобус или некој од градските и приградските автобуси на ЈСП Скопје.

Шефот на делегацијата на ЕУ, Гир истакна дека ова е еден од начините да се намали продукцијата на штетни гасови и да се овозможи почист воздух и оти тоа е во духот и на овогодинешната Европската недела на мобилност и Европска недела на спортот, чии мота се „Мобилноста со нулта емисија на гасови“ и „Биди активен“ .

Велосипедизмот и пешачењето, рече Гир, се едноставни и практични начни како ние може да помогнеме да останеме здрави и во добра форма, но во исто време и да придонесеме во исполнувањето на целите за намалена емисија на гасови.

Според информациите што ги имам, рече Гир, бројот на велосипедисти во Скопје значително е зголемен во време на коронакризата, што е добро, но во некои делови од градот е потребна и соодветна инфраструктура, унапредување на постојната и изградба на нова.

Овој плоштад за велосипеди е резултат на спроведената ревизија на велосипедски политики која Град Скопје ја спроведе со целосна поддршка од Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ).

На Велоштадот е исцртан и мурал, изработен со целосна поддршка на Канцеларијата на делегацијата на ЕУ во Скопје, а сервисната станица која е поставена тука е добиена од долгогодишните вело партнери од Стопанска банка.

Велосипедскиот паркинг со кој се урбанизира делот од Транспортниот центар е идејно решение на Теа Дамјановска и Михајло Стојановски и е поддржано од Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ). Делегацијата на Европска Унија го надополнува урбаното решение со мурал кој го става акцентот на важноста од достапен транспорт со нула-емисии за секого и ги поттикнува луѓето да негуваат поздрав стил на живот во текот на целата година. Муралот, финансиран од ЕУ, е дело на тројца дипломирани уметници: Сања Симоска, Сали Ертунц и Бранкица Јорданковска.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...

Стружани сами си го поправија дрвениот мост на реката Црн Дрим.

Чекаа реакција од градоначалникот, но залудно – па стружани решија работата да ја превземат во свои раце. Еден од дрвените мостови на шеталиштето покрај...

Таравари: Сегашниот ќе биде и иден градоначалник на Гостивар

Валбон Лимани, актуелниот вршител на должноста вд градоначалник на општина Гостивар, ќе биде кандидат за уште еден мандат, соопштти Арбен Таравари, синоќа на граѓанскиот...

Страшна сообраќајка кај селото Извор-Кичево: Судир помеѓу мерцедес со странски таблички и опел астра со охридски ознаки !!!

На Страшна сообраќајка кај Подмоље: Судир На магистралниот пат А2, во близина на кичевското село Извор- Подмоље, денеска се случи тешка сообраќајна незгода во која учествувале...