20.2 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаДете за пример- 10-годишниот Алексеј од тетовско сака да биде земјодeлец:...

Дете за пример- 10-годишниот Алексеј од тетовско сака да биде земјодeлец: Одам по сено за кравите, печам, мелам пипер

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Добро познато е дека се наоѓаме во период во годината кога во домаќинствата на големо се подготвува зимницата. Иако од година во година бројот на домаќинки кои одлучуваат на традиционален начин да се обезбедат за зимата се намалува, сепак има и такви кои работа не само за себе, туку и за друг.

<

Еден таков пример ни доаѓа од тетовско, а уште поинтересно е што желбата за земјоделие ја негува уште од мали нозе.

Ирена Синадиновска од тетовско Доброште периодов е со полни раце работа- подготвува зимница-ајвар, кечап, лутеница, џем.

Се прави сирење, кашкавал- сите производи на традиционален начин, кој не може да се спореди со индустриското производство.

Ниту квалитетот, ниту вкусот, а цените се речиси исти. Во сезона прават дури по 1000 тегли. Ова е вели тешка работа која бара многу труд и ангажирање, но целото семејство ја работи со љубов.

 

„Ангажирани сме сите дома, јас, сопругот, синчето и свекрвата. Помош од друга страна немаме, сум пробала да побарам помош, но никој не сака ова да работи, ниту за пари, а камоли без пари.

Се снаоѓаме, тој што е способен и што решил да се занимава со било што, сам ќе се снајде“, вели Ирена Синадиновска – земјоделец.

Синот Алексеј има само 10 години, а веќе знае многу марифети во земјоделството. Детската игра на улица и седењето пред компјутер, повеќе сака да го замени со помош и работа околу нивниот семеен бизнис. Желба му е ,да стане успешен земјоделец.

„На пример, за мелење пипер, некогаш печам, некогаш им помагам кај кравите, берам исто пипер, возам трактор, одиме по сено за кравите. Имам љубов кон оваа работа, сакам да ја работам“, рече Алексеј Синадиновски.

Најголем проблем на овие индивидуални производители на традиционална храна е пласманот-како нивната храна да заврши и во маркетите. Токму на ова работи Агенцијата за храна и ветеринарство.

Во иднина секој ваков производител ќе треба да се регистрира, за да може да продава низ пазарите и маркетите.

„Непочитувањето на прописите ни стана некако одомаќена работа. Сега сите продаваат сирење кај ќе стигнат, и други земјоделски производи. Го сметаат дека тоа е нормално, но не е, спротивно е на Законот, и ние ќе мора да се прилагодуваме на новите правила“, вели Борче Петковски.Ирена се надева дека во иднина, домашната и традиционална храна повеќе ќе се вреднува, а нејзините производи ќе добијат подобар пласман. Но, и дека многу други земјоделци ќе започнат ваков бизнис.

Објавено во Галама а Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на ТВ Алфа.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...