18.8 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев: Абе ич не сакам да зборувам за опозицијата, чекај да си...

Заев: Абе ич не сакам да зборувам за опозицијата, чекај да си кажам за мерките

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Остај ја опозицијата, чекај да си кажам за мерките. Вака премиерот Зоран Заев му влезе во збор на новинарот, во интервјуто за ТВ Стар, кој рече дека опозицијата веднаш излегла со критики за четвртиот пакет мерки.

<

– Остај те ја опозицијата, јас да си кажам за мерката. Нема врска опозицијата. Абе ич не сакам да збоувам за опозицијата, ама ќе зборуваме, ќе одговорам, должност ми е – рече Заев.

Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ „тера голо критизерство без аргумети“, потенцирајќи дека лидерот на оваа партија Христијан Мицкоски излзе на прес-конференција половина час по објавување на мерките, тврдејќи дека не се добри. – Немал време ниту да ги прочита и вели ништо не чини, вика ништо не е тоа, а пуштаме пакет од 470 милиони евра, нагласи Заев.

– Не може да седнете со Мицкоски да се договорите, тој разговара за да не се договара, во измнатиот период од три години колку е тој претседател на ВМРО-ДПМНЕ една работа не договоривме, со Груевски договривме пржинска влада, специјално обвинителство, нема ни една работа што е договорена со Мицкоски, додаде Заев.

Премиерот истакна дека опозицијата треба да биде буден следач на работата на власта, коректив на нејзината работа,а ВМРО-ДПМНЕ продолжува со злокобни зборови на омраза и „Владата уште не беше избрана излегоа на протести“.

– Тоа можам да го објаснам само со самобендисаност, нарцисоидност, фрустрација само да се додржи во фотелјата во Белиот дворец, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, се гази пред себе, тоа не добро. Ако опозицијата е слаба – лошо е за државата, лошо е за СДСМ, да има добра опозицијата е ќар за граѓаните. Ние можеме да продолжиме и вака, државата пак ќе оди напред и СДСМ ќе победува, ВМРО- ќе губи, но посакувам да работам заедно со опозицијата, да почувствува дека сите заедно сме одговорни, премиерот Заев во интервју за штипската телевизија Стар.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Познато целото име и презиме на Македонецот од Струмица кој е убиен во Боливија

Познат е целосниот идентите на македонскиот државјанин убиен во јужноамериканската држава Болиција, заедно со уште двајца српски државјани. Како што објавија пред малку српските...

Тела на двајца Срби и на еден Македонец пронајдени во црни вреќи

Двајца Срби и еден Македонец, беа убиени во прсметка на нарко-картел во Јужна Америка.Телата на двајца Срби и еден Македонец убиени во Јужна Америка,...

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...