31.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаСветТрамп со хеликоптер е пренесен во болница.

Трамп со хеликоптер е пренесен во болница.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Портпаролката на Белата куќа Кејли Мекнени информираше дека претседателот на САД Доналд Трамп е префрлен во воената болница „Волтер Рид“ во Бетазди, во Мериленд, од претпазливост и оти таму ќе престојува неколку дена.

<

На снимките од заминувањето на Трамп во болница се гледа дека тој е во добро расположение, иако со бавен од, во костум, со маска и со рака ги поздрави новинарите пред да влезе во хеликоптерот со кој беше пренесен во болница.

Мекнени прецизираше дека по препорака на лекарите и здравствените експерти препорачале тој да работи од претседателските канцеларии во болницата Волтер Рид. Медицински експерт за Си Ен Ен рече дека возраста на Трамп (74) и прекумерните килограми го зголемуваат ризикот од хоспитализација при ковид-19.

Функционер од Белата куќа потврди дека Трамп ќе ги извршува своите должности од специјалниот апартман во воената болница и не му ги пренел надлежностите на потепретседателот Мајк Пенс.

Според протоколот за континуитет на влада во случај претседателот да е оневозможен да ги извршува своите должности, надлежностите ги презема потпретседателот, а доколку не може ни тој, тогаш претседателот на Претставничкиот дом, или во случајов демократката Ненси Пелоси.

Што се однесува на досегашниот третман за ковид-19, американскиот претседател Доналд Трамп доби ветувачки, но експериментален лек кој сè уште е во фаза на клинички испитувања, соопшти Белата куќа.

Трамп се огласи на Твитер откако беше хоспитализиран поради ковид-19.

„Мислам дека оди на добро! Ви благодарам на сите! Ве сакам”, напиша Трамп.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...