12.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаУчениците Македонци и Албанци се обединија: Сакаме настава со физичко присуство порачаа...

Учениците Македонци и Албанци се обединија: Сакаме настава со физичко присуство порачаа тие !!!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ученици Македонци и Албанци, кои добија поддршка и од родителите, денеска се обединија во Куманово на заеднички протест против онлајн наставата.

<

Како што објави порталот Кумановски муабети, денеска околу 14 часот учениците од основни и средни училишта со настава на македонски јазик се собраа и тргнаа низ улиците на Куманово кон центарот. Во исто време протест започнаа и ученици од гимназијата „Сами Фрашери“ каде настава се изведува на албански наставен јазик.
Двете групи половина час подоцна се собраа пред зградата на Општина Куманово, каде побараа да се укине онлајн наставата и тие да се вратат во училишните клупи.

Поддршка на протестот учениците добија и од дел од родителите.

– Децата мора да одат на училиште. Ќе останат неписмени дома. Паѓа конекција, интернет лош, многу сиромашни семејства немаат ниту интернет. Што ќе правиме кога ќе дојде зима, има семејства со по две-три деца, кај ќе учат? Ова е хаос. Сметаме дека треба да се вратат на школо барем сега додека е убаво времето, па за понатаму ќе видиме, изјави родител на протестот.

Учениците кои беа на простетот велат дека е потешко да учат од компјутер, а освен учењето им недостасува и дружењето.

На протестот присуствуваа околу 500 ученици, а следниот е закажан веќе за утре со почеток во 14 часот.

денешен весник

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на...

Американецот Роберт Превост е новиот папа – Неговото ново име е Лав XIV

Откако над Систинската капела беше пуштен бел чад, што означуваше дека кардиналите го избраа 267-от поглавар на Римокатоличката црква, беше објавено кој е новиот...

Пуштен бел чад: Избран е новиот папа!

Бел чад е испуштен од оџакот на Сикстинската капела што значи дека е избран нов папа. Кардиналите попладнево одлучиле за наследник на папата Франциск односно...