24.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаСмрди и се распаѓа вилата Свети Стефан во Охрид, никој не ја...

Смрди и се распаѓа вилата Свети Стефан во Охрид, никој не ја посетил повеќе од една деценија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Освен крадци и собирачи на старо железо, повеќе од 10 години никој друг не влегол во вилата Свети Стефан во Охрид, кој, всушност е објект од резиденцијално-репрезентативен карактер од највисок државен ранг, изграден на само три метри од брегот на Охридското Езеро и наменет за одмор на државниот врв, соопшти граѓанското здружение „Праведни и професионални“.

<

Како што наведуваат оттаму, повеќе од една деценија овој значаен објект стои заклучен, празен и неупотребен, иако за него е надлежната Службата за општи и заеднички работи на Владата, која е должна редовно да го чисти и да го одржува.

„Портата од дворот на објектот не е отклучена многу одамна, со години никој не го пречекорил нејзиниот праг, олуците се откорнати и однесени од локалните крадци на старо железо, додека пристапот и скалите се претворени во мини депонија на очиглед на сите туристи кои тука секојдневно поминуваат“, се вели во соопштението на здружението „Праведни и професионални“.

Детектирањето на големиот број запуштени државни објекти и создавање нов механизам за помош на централната извршна власт, додаваат оттаму, се во фокусот на проектот „Јакнење на капацитетите за добро управување и евидентирање на државниот недвижен имот“.

„Проектот трае шест месеци, ќе ја покрива територијата на цела држава и во него ќе бидат вклучени голем број на државни службеници кои се на работни позиции поврзани со недвижностите во државна сопственост. Во изминатиот период истражувавме, собиравме податоци од терен, правевме нивна анализа и обработка и дојдовме до поразителни податоци. Во секоја поголема населба стојат празни домови на културата, младински и задружни домови, стари училишта или месни заедници во кои не може ниту да се влезе. Со поддршка на локалните службеници од подрачните министерства, како и со сестраната поддршка од Цивика мобилитас, заедно со членови на здружението ‘АКЦИЈАШИ Скопје‘ снимени се најразлични изданија на објекти заборевени и од државата и од граѓаните“, наведено е во соопштението.

Како што додаваат, овој проект се реализира со финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас-програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за подршка на граѓанското општество во Македонија, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот Центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска.

Извор Охрид Скај

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....

Турист од Босна починал на плажа во Охрид.

На 17.07.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни...