19.9 C
Ohrid
вторник, април 29, 2025
ПочетнаМакедонијаНема лекови на рецепт доколку сте биле во приватна болница !!!!

Нема лекови на рецепт доколку сте биле во приватна болница !!!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Пациентот што си плаќа придонеси за здравствено осигурување, а одлучил да оди на приватен специјалист, ќе плати повеќе иако со својата постапка го намалил редот за чекање во „Мој термин“ и ѝ заштедил пари на државната здравствена каса.

<

Прегледот кај специјалист што работи приватно може да ве чини многу повеќе отколку што ќе платите за оваа услуга. Кога овој лекар ќе ви препише терапија и ќе појдете кај матичниот доктор да ви даде рецепти за да ја земете на државен трошок, ќе бидете одбиени. Матичните не може да издаваат рецепти врз основа на мислењето на приватни специјалисти. Така, или ќе си платите полна цена за терапијата или ќе треба да одите на ист специјалист што работи преку „Мој термин“, т.е. има договор со Фондот за здравствено осигурување, за да потврди дека треба да ги примите тие лекови. Ова чудно правило за кое долго време реагираат и здравствени работници и пациенти чини време, пари, нерви, трчање… Но, останува во сила.
За иронијата да е поголема, пациентот што си плаќа придонеси за здравствено осигурување, а одлучил да оди на приватен специјалист, ќе плати повеќе иако со својата постапка го намалил редот за чекање во „Мој термин“ и ѝ заштедил пари на државната здравствена каса плаќајќи за услуга од свој џеб. Од друга страна, мислењето на приватните специјалисти како да не се признава, иако за некој да може да прегледува, според законските одредби, мора да има лиценца за работа.

Дополнително малтретирање

– Пред некое време бев на приватен специјалист. Лошо ми беше. Ми даде „лосартан“ за регулирање на притисокот. Овој лек не се пие еден месец. Кога се вратив кај матичната, ми кажа дека не ми следуваат рецепти за него преку Фондот и дека мора да ми закаже кај доктор преку „Мој термин“ што ќе ја потврди терапијата. Ги купив додека да се случи тој преглед. На мој пријател истото му се случи за „торвекс“, лек за маснотии. Ние сме тазе пензионери, можеме да си дозволиме да се шетаме по ординации, ама што е со оние што работат? И зошто мене ме казнува државата, ем ја заштедувам за преглед ем треба да плаќам потоа за лекови. Ние одлучивме да си платиме за преглед и тоа е наше право. Не ми е јасно зошто не можам веднаш да си го остварам правото како осигуреник. Па тој приватен доктор исто има диплома, зарем неговото мислење не важи? – вели Живко К. од Скопје.

Парите мора да го следат пациентот

Д-р Лилија Чолакова-Дервишова, претседател на Здружение на приватни лекари, вели дека мора да закажуваат прегледи кај специјалисти за пациенти што сакаат државно да ја подигнат терапијата препишана од приватен специјалист. Таа смета дека се малтретираат пациенти кои уредно плаќаат здравствено осигурување за нешто што им следува нормално.
– Парите мора да го следат пациентот, тоа е моето убедување и сметам дека вака не е во ред. Освен што е ова мака на пациентите, вака и не се гледа квалитетот на специјалистите во јавното здравство и не може реално да се процени нивниот труд – вели таа.

Извор: Факултети за повеќе на следниот линк

https://www.fakulteti.mk/news/02102019/ne-vi-sleduvaat-lekovi-na-drzhavno-ako-ste-bile-na-doktor-privatno-gi-kaznuva-li-drzhavata-pacientite-shto-si-platile-za-usluga?fbclid=IwAR0qu3-53Ae0-xiwqDz1qG4mXWYwyMRzd-9RSIwQ-IRUgP3FpfebzcIjSj8

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тамара: И јас си купив карта за мојот концерт, нема гратиси, оти пееме за Кочани.

Поп пејачката Тамара Тодевска се огласи по повод нејзиниот хуманитарен концерт, кој ќе се одржи на осми мај во МКЦ, а од кој собраните...

72 годишен Кичевчанец силувал 14 годишно дрвојче !!!

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против А.А. (72) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување дете кое не наполнило...

Големо дерби на клубовите на Македонскиот Илинден и Олимпик во Сиднеј

Екипата Фудбалскиот клуб на Рокдајл Илинден од Сиднеј во Недела на 4 ти Мај ќе биде домаќин на екипата на ФК Сиднеј  Олимпик ....

Синот на херојот Кире Костадиновски, по цели 24 години, стапна на светата земја кај Вејце – местото каде што неговиот татко го даде својот...

По 24 години, Кико го прегрна местото на татковата последна битка Со тешко срце и солзи што не можеа да се задржат, синот на херојот...