0.9 C
Ohrid
вторник, февруари 11, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев: Јас сум модерен човек, ако треба и марихуаната ќе ја легализирам...

Заев: Јас сум модерен човек, ако треба и марихуаната ќе ја легализирам !!!

spot_img

Премиерот Заев на „Економски магазин“ на ТВ Алсат-М, го отвори и прашањето на декриминализација на марихуаната, како една од темите за кои повика на дебата во јавноста.

<

„Никој не се запрашува колку ги користиме домашните ресурси, што се нашите ресурси, дали се максимално искористени“- констатира Заев.

„Владата отвори дебата и со Коморите, отвори и на седница на Влада, разговаравме за ставање на сѐ во погон, треба сѐ да искористиме. Ние сме земја која помина низ транзиција, претпоставката е дека има најмалку милијарда и петстотини евра коишто се надвор од тековите. Ќе ги пуштиме во погон или нема да ги пуштиме? Земјоделското земјиште сѐ уште е државно. Легализиравме земјоделското земјиште да може да го земат оранжериите, да го видиме другото. Ако станат сопственици граѓаните, компаниите, тие ќе можат да повлечат повеќе кредити за својот организационен тим“ – додаде Зев.

Заев кажа дека отвара дебата покрај државното земјиште и за легализација на парите кои не се во тековите во државата, за што рече дека сака да го слушне општеството како размислува на овие теми, бидејќи како штоп кажа, сега е време за храбри чекори.

„Дебата отварам за државното земјиште! Дебата отварам за легализирање на парите коишто се надвор од тековите, освен оние коишто се криминални и за коишто има процеси! Отварам дебата! Сите странски коли во државата, сите се надвор од текот, не плаќаат регистрација. Го имаме и угостителството. Зошто кај нас е толку мало учеството на угостителството во бруто домашниот производ, а во европските земји учествуваат многу повеќе?“ – беа „ракавиците“ кои Заев ги фрли во текот на емисијата. „Да ја отвориме дебатата и ќе видиме!“ – повика тој.

Дали ќе правиме нешто со декриминализација на марихуаната? Ги нафрлам како теми. Ние немаме став, ние сакаме да го слушнеме општеството, да ги пуштиме во оптек сите наши ресурси, затоа што реков неповторлив е периодов, Европа е тука , еве определени се милијарди за регионот, сѐ вредеше ова целото, создадовме одлични околности” – заклучи Заев.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пукано во членови на семејство на функционер на ДУИ, едно лице починало, другото е рането

Едно лице е убиено, а едно е повредено во престрелка што рано изутрина се случила во населбата Топанско поле во Скопје. Според информациите на Канал...

Трајко Славески за синдикалната кошничка: Едно семејство има три, а не четири члена

Професорот и претседатавач со Советот на Град Скопје,Трајко Славески,со објава на Твитер ја оспори синдикалната месечна потрошувачка кошниц, која покажува колку пари се потребни...

Четири лица, од кои тројца полицајци, повредени во сообраќајка кај Струга

Четири лица, од кои тројца полициски службеници се повредени во сообраќајна незгода што вечерва се случила на магистралниот пат Охрид – Струга, кај крстосницата...

Тик-Ток ќе се забрани во Македонија ако некоја појава од инцидент прерасне во пракса, рече Андоновски

Ќе се пристапи кон забрана на „Тик-ток“ ако некоја појава од инцидент прерасне во пракса. Ова го изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски,...