7.9 C
Ohrid
недела, март 23, 2025
ПочетнаМакедонијаВо Центар: Докторите и медицинските сестри од Инфективна биле уморни од работа,...

Во Центар: Докторите и медицинските сестри од Инфективна биле уморни од работа, ќе оделе во приватна болница, зараем таму ќе седат и одмараат???

spot_img

Ние полека стануваме мешавина на американскиот модел и на шведскиот модел. И тоа може да биде најголем проблем во наредниот период.

<

Во Америка каде има најмногу заразени и умрени од ковид-19 пандемијата покажа дека системот на јавно здравство не функционира, но затоа имаат врвни клиники кои можат да излечат пациент од ковид-19 за два дена, како во случајот со Претседателот Доналд Трамп.

Што ќе рече тој што има пари ќе има врвна здравствена услуга, а тој што нема пари ќе треба да има добар имунитет за да нема посериозни компликации.

Нешто слично сега се случува кај нас. Група од инфектолози и медицински сестри ги напуштаат државните клиники и се вработуваат во богатите приватни болници.

И тоа доаѓа во услови кога Македонија како да спроведува некоја варијанта на мек шведски модел. Да нема претерани рестрикции, а државното здравство сепак да може да се справи со наглиот скок на бројот на заразени.

Но мешавина на американски и шведски модел може да биде катастрофа за Македонија. Не може да се слабее државното на сметка на приватното здравство, и тоа во услови на галопирачка пандемија, а вие да спроведувате шведски модел. Тоа ќе доведе до колапс на јавното здравство.

Затоа денес Македонија се соочува со трансфери на доктори и медицински персонал кои седум месеци се справуваа со ковид-19.

Министерот за здравство Венко Филипче потврди дека група доктори изморени од борбата со Ковид-19 си одат или најавуваат заминување од државната клиника. Филипче рече дека на нивно место доаѓаат нивни колеги.

Три медицински сестри и инфектолог од Инфективната клиника во Скопје, дале отказ и ќе работат во приватна болница, изјави денес Венко Филипче. Според него отказ најавила и шефицата на ковид-центарот во болницата 8 септември, Патриција Каламарас. Филипче вели дека дел од нив заминуваат бидејќи се преморени, а дел имаат лични причини или подобри финансиски понуди.

Нога пуштија, главната медицинска сестра на Инфективната клиника и уште две медицински сестри од истата клиника. Тие ковертираа откази на крајот од септември, а министерот ги покани на состанок во неговиот кабинет со намера да ги убеди да останат.

И сето ова се случува во услови на пандемија која се јавува еднаш на сто години, докторите и сестрите за ковид-19 биле изморени и ќе заминеле во приватни болници: Што ќе прават таму-ќе одмараат или ќе работат!?

Државата инвестирала во нив и кога државата се соочува со пандемија тие место да лекуваат граѓани на Македонија кои немаат пари да се лекуваат во скапи приватни болници, ќе лекуваат богати Македонци и Косовари во Систина или во некоја друга приватна болница!?

Извор: ВоЦентар

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На шест пациенти им е направена трансплантација на кожа поради степенот на изгореници

МениЛибертас Настов: На шест пациенти им е направена трансплантација на кожа поради степенот на изгореници 23.03.2025 13:36 115 1 минута читање На Универзитетската клиника за хируршки болести...

Бугарскиот пратеник Пејков, вчера пристигна во Кочани да ги предаде собраните пари

Бугарскиот пратеник Манол Пејков од 16 март до 19 март преку хуманитарна кампања на својата фондација „Манол Пејков и пријатели“ собра околу 54.000 лева,...

Ќерката на починатиот Андреј од ДНК со тажна порака до мајка ѝ: „Мамо, јас ти требам тебе, а ти мене“

Ќерката на починатиот Андреј од ДНК со тажна порака до мајка ѝ: „Мамо, јас ти требам тебе, а ти мене“ „Мамо, сакам да бидам дома,...

Општина Охрид ќе додели финансиска помош за семејствата на жртвите во Кочани

Општина Охрид на седница на Совет која ќе се одржи следната недела ќе одлучува за доделување финансиска помош за семејствата на починатите и за...