15.9 C
Ohrid
недела, јули 6, 2025
ПочетнаМакедонијаСкопјани лути на Филипче-Изгледа одамна не се качил во градски автобус- Домовите...

Скопјани лути на Филипче-Изгледа одамна не се качил во градски автобус- Домовите празни а автобусите преполни

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

По најавите за новите рестриктивни мерки кои што завчера ги соопшти министерот за здравство, Венко Филипче со реакција излегоа повеќе граѓани. На социјалните мрежи тие најмногу му забележуваат на мерка за ограничување на примање гости во домовите, кога од друга страна градските автобуси во Скопје се преполни со патници.

<

„Едно знам, Филипче одамна или воопшто не се качил во автобуси“, пишува револтиран граѓанин на социјалната мрежа Фејзбук.

Реакциите на граѓаните се оправдани, имајќи ја во предвид состојбата со автобусите во СЈП. Имено, во многу автобуси од јавниот превоз во главниот град се надминува дозволениот број патници во време на пандемија.

Ова може да се види и на овие фотографии кои се споделуваат на социјалните мрежи од револтирани граѓани, но и од сликите кои што ние ги направивме на лице место во еден од скопските автобуси. На нив јасно се гледа автобусот е пренатрупан со патници, без никаква можност за одржување социјална дистанца.Протоколот за заштита од корона вирусот предвидува во ниту еден автобус да не смее да се надминуваат 75% од капацитетот. Но, на сликите можат да се видат многу постари лица, кои се и од најризична група и кои можеби немаат други можности и алтернативи за да се префрлат до саканата дестинација, влегуваат и ги користат јавните автобуси. Од слликите можеме да видиме дека постарите лица, односно пензионерите автобусите на ЈСП ги користат за одење до пазар и назад.

Од ЈСП пак, за телевизија Алсат истакнале дека гужвите во текот на денот се прават и поради доцнењето на автобусите поради гужвите во сообраќајот или градежните работите кои актуелно се одвиваат во одредени делови на Скопје.

 

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...