16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаНа распишаниот конкурс за 200 професионални војници се пријавиле над 1800.

На распишаниот конкурс за 200 професионални војници се пријавиле над 1800.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска на Воениот стадион ги посети кандидатите за професионални војници, каде во моментов се вршат физички проверки.

Министерката Шекеринска истакна дека вложувањата изминативе три години во Армијата, особено зголемувањето на платите, подобрувањето на условите за работа, враќањето на довербата, резултираа на овој конкурс да има околу 1800 пријавени кандидати за 200 места.

„Првиот конкурс пред 3 години на кој што баравме 125 професионални војници собра некаде околу 200 кандидати и беше тешко од тие кандидати да се најдат луѓето кои што ги исполнуваат сите услови. Три години поминаа, вложувавме во Армијата, вложувавме во одбраната и затоа на почетокот на годината за 70 места имавме 700 кандидати. Сега кога распишавме конкурс за 200 војници добивме над 1800 кандидати и тоа покажува дека Армијата ќе се подмладува и дека Армијата може да се подмладува само ако вложите во повисоки плати, во подобра опрема, во подобар имиџ и се разбира ако вложите во подобри шанси за сите оние кои што работат во Армијата“.

Таа додаде дека зголемениот интерес на младите да пристапат во Армијата е резултат и на нашето членство во НАТО, а со поголем број кандидати, Армијата ќе добие квалитетен кадар.

„Армијата секогаш ја враќала довербата во неа, успевала да одговори и на задачите и во најтешки околности, меѓутоа сега покажавме дека државата си ги цени своите војници своите офицери и младите луѓе од сите етнички заедници – и мажи и жени, тоа го покажаа со овој интерес. Јас очекувам и се надевам дека и следната година на ист начин ќе го зголемиме и интересот за запишување на Воената академија и на тој начин ќе го подмладиме не само војничкиот, туку и офицерскиот состав на Армијата” рече Шекеринска.

За професионалните војници со најдобри резултати Владата и Министерството за одбрана овозможуваат напредување во кариерата – можности за обука во странство, обуки во рамките на НАТО програмите, шанси да учествуваат во некои од НАТО предводените мисии како и мисии предводени од ООН и ЕУ.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...