9.9 C
Ohrid
петок, април 25, 2025
ПочетнаМакедонијаПодно греење, операциона сала, дел за интезивна нега и.т.н: Од денеска официјално...

Подно греење, операциона сала, дел за интезивна нега и.т.н: Од денеска официјално е пуштен во употреба стационарот Лајка.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Од денеска официјално е пуштен во употреба стационарот во рамки на јавното градско претпријатие „Лајка“.

<

Стационарот располага со мал административен дел, амбуланта за бездомните кучиња, дел со 50 боксови со подно греење, каде граѓаните ќе можат да си одберат миленик, потоа дел за интензивна нега, постоперативен дел, дел за вработените, како и карантин поделен на два дела – едниот за кучиња кои каснале граѓани, а другиот за болни кучиња. Капацитетот на овој објект е околу 100 кучиња.

На настанот за отворање на стационарот се обрати градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов кој истакна дека со овој објект, поранешниот стационар „Вардариште“ заминува во историјата.

– Градот Скопје е меѓу ретките градови и единствен во регионот кој заради посветеноста што ја имаме кон проблемот со бездомни кучиња имаме посебно јавно претпријатие. Тука ќе работат луѓе кои посветено ќе се дадат на решавање на проблемот со бездомните животни. Станува збор за убедливо најдобрите стандарди кои се пропишуваат во оваа област, секој од кафезите или целиот објект е со подно греење, со цел на животните да им обезбедиме комоција и секој дел е засебен, појасни Шилегов.

Тој очекува проблемот на бездомните кучиња да почнат системски да го решаваат со цел, како што посочи, за една до две години од сега да се намали и бројот на кучиња, но и бројот на граѓани кои се каснати од нив.

– Ова не е и не може да биде работа или посветеност само на Градот, токму заради тоа работевме интензивно во овој период и со Агенцијата за храна и ветеринарство. Ги чипиравме домашните миленици, ќе влеземе во процес на чипирање на животните скитници со цел да биде тој третман што е можно подобар кон сите нив и овој концепт овозможува всушност и да започнеме една широка акција на вдомување на кучињата скитници од улиците кои овде ќе можат луѓето да ги запознаат, да ги прифатат потенцијалните свои домашни миленици, рече Шилегов.

За стационарот, како што соопшти тој, од буџетот на Град Скопје не се издвоени посебни средства, односно за него донирале преку 20 градежни компании. Реализацијата на објектот е вредна 30 милиони денари.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, посочи дека Агенцијата во изминатиот период презела системски активности во делот на намалување на бројот на бездомната популација на кучиња, а нагласи и дека покрај законските измени што ги покренале, изработиле и низа подзаконски акти со кои делот што го опфаќа бездомната популација на животни е опфатен и подзаконски и законски се регулира

Директорката на претпријатието Тина Петрушевска информира дека дневно добиваат по 30 повици од граѓани кои бараат дислокација на бездомни животни. Заедно со Факултетот за ветринарна медицина, во соработка со АХВ направиле проценка на популација на бездомните кучиња, и како што информираа на теритоијата на град Скопје има 1970 бездомни кучиња.

Доколку некој сака да вдоми миленик, претпријатието ќе има мултифункционален сајт и социјални мрежи каде ќе може луѓето да ги видат милениците кои се подготвени за вдомување, ќе има неколу линии за вдомување, како и меилови за да се закажат состаноци.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Исчезнувањето на Симона не е пријавено во МВР!

Дали Симона, поради чие наводно исчезнување се крена земјата на нозе, навистина е исчезната? Официјално, барем до сега, никој не пријавил исчезнување на лице...

Христово Воскресение 2 ден во Дортмунд- Германија

Христово Воскресение 2 ден Дортмунд ____ На вториот ден Велигден,Македонската Црковна општина св.Кирил и Методиј од Дортмунд имаше чест да биде посетена од Неговото Високо преосвештенство...

Исчезната е Симона Стојкова- Доколку некој има информации веднаш да пријави во МВР !!!

Краток опис Симона Стојкова има кафена коса и кафени очи со висина од 175 см и е на возраст од 35 години. Носи наочари и...

Викторија Трајков: Со градоначалникот Пецаков ја посетивме инклузивната игротека „Радост“ која е цел нов свет за околу 20 дечиња со церебрална парализа од Охрид...

Со градоначалникот Пецаков ја посетивме инклузивната игротека „Радост“ која е цел нов свет за околу 20 дечиња со церебрална парализа од Охрид и околината,...