13.9 C
Ohrid
петок, октомври 18, 2024
ПочетнаСветЕрдоган се закани- Грците излажаа со ветувањата -затоа ќе им вратиме

Ердоган се закани- Грците излажаа со ветувањата -затоа ќе им вратиме

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ги обвини Грција и Кипар дека не ги исполниле ветувањата кои ги дале за време на преговорите со Европската унија и НАТО, па поради тоа Турција ќе возврати на соодветен начин.

Пред само неколку дена турските власти наредија враќање на истражувачкиот брод „Оруч Реис“ во спорната територија во близина на грчките острови.

Турските медиуми пренесуваат дека деновиве грчки воени бродови го надгледуваат турскиот истражувачки брод.

„Нашиот „Оруч Реис“ се врати на должност во Медитеранот. Ќе продолжиме на Грција да ѝ даваме одговор на терен, таков каков што заслужува, како и кипарската администрација од грчката страна. Тие не ги исполнија своите ветувања кои ги дадоа пред НАТО и Европската унија“, изјави Ердоган.

Турскиот претседател не прецизираше за какви ветувања станува збор, но турските власти ги обвинија своите грчки колеги дека направиле низа на провокации во скоро време.

Хајко Мас, министерот за надворешни работи на Германија, кој е посредник во преговорите помеѓу Атина и Анкара, ја критикуваше Турција поради преземање на „унилатерални чекори“ во источниот Медитеран кои ги поткопуваат напорите да се олеснат тензиите.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициска акција за дрога во Тетово и Охрид: Уапсени 13 лица, едно е во бегство!

Претреси на 17 локации во Тетово и Охрид, уапсени се 13 лица, а едно лице е во бегство – ова е исходот од денешната...

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Како што информират од Општина Велес, на Денот на жалост, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски...

Боки 13 на игра ќе доделува 7 автомобили и стан во Скопје.

Боки 13 лицето кое до неодамна беше во затвор а ослободен поради влошената здравствена состојба, го организара најголемиот Giveaway во Македонија... Македонијо започнува најголемиот GIVEAWAY...

Русковска: Не сум го читала светото писмо, затоа што не сум верник !!!

Ни помалку ни повеќе не сум горда за предметот за 27 април од другите предмети, тврди разрешената шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска во...