16.9 C
Ohrid
четврток, мај 9, 2024
ПочетнаСветУпатуваа навреди и закани кон македонците а сега Грција расчисти со нив...

Упатуваа навреди и закани кон македонците а сега Грција расчисти со нив – Водачите на Златна Зора добија по 13 години затвор

Грчкиот суд денес ги осуди лидерите на екстремно десничарската организација „Златна зора“ на по 13 години затвор, што е максималната казна за водење на злосторничка организација обвинета за бројни кривични дела поттикнати од омраза.

Претседателката на судот, Марија Лепениоти ја прочита казната за лидерот на организацијата, Никос Михалољакос и уште седмина поранешни пратеници во грчкиот парламент, пренесува новинската агенција „АП“.

Останатите членови на организацијата се осудени на казни од пет до седум години за членство во организацијата, додека еден соработник на „Златна зора“ е осуден на доживотна затворска казна поради убиството на грчкиот рапер Павлос Фисас во 2013-та година.

Организацијата „Златна зора“ е основана во 80-тите години од минатиот век како неонацистичка група, а стана трета по сила политичка партија после големата економска криза која ја погоди соседна Грција во текот на минатата деценија.

точка

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ по поразот на СДСМ: Оставаме во наследство подобра држава

Македонските гласачи синоќа избраа претседателка на државата и 120 пратеници во законодавниот дом. Им честитам на победниците за успехот, а на граѓаните и на...

БОЈАН МАРИЧИЌ НЕ УСПЕА ДА СТАНЕ ПРАТЕНИК, ВО ПРВАТА ИЗБОРНАТА ЕДИНИЦА

Во Град Скопје, односно во сите скопски општини, СДСМ на вчерашните парламентарни избори освои 35.847 гласови, а ВМРО-ДПМНЕ 123.974. На локалните избори во 2021...

Потпретседателот на СДСМ – Перо Костадинов поднесе оставка од функцијата во партијата.

По Фатмир Битиќи, и потпретседателот на СДСМ – Перо Костадинов поднесе оставка од функцијата во партијата. „Почитувани граѓани и драги сопартијци, по изборните резултати, поднесувам...

Маја Морачанин, претседателката на ДОМ, поднесе оставка

Претседателката на ДОМ Маја Морачанин вечерва на Фејсбук соопшти дека поднесува оставка од оваа фукција во партијата, по поразот на нивната коалиција предводена од...