12.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаИако премиерот Заев е против рестриктивни мерки, министерот Венко Филипче утре ќе...

Иако премиерот Заев е против рестриктивни мерки, министерот Венко Филипче утре ќе преговара за Јавниот превоз, работното време на угостителите и носењето на маски.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

По рекордниот број на новозаразени од 535, Министерот за здравство, Венко Филипче вели дека на утрешниот состанок на Комисијата за заразни болести ќе се разговара токму за тоа дали има потреба од донесување на нови рестриктивни мерки.

<

– –

Како точки на дневен ред ќе се најдат Јавниот прево, работното време на угостителите, а потенцира дека дел од мерките може да бидат само на подрачја каде што има енормно зголемување на бројот на заразени.

„На утрешниот состанок ќе дискутираме за тоа дали се потребни дополнителни рестрикции од тие кои што сега се на сила. Тоа би вклучувало рестрикција во јавниот превоз, ограничување на работа на угостителскиот објекти и одредени економски субјекти и компании. Секаде каде што сметаме дека е ризик. Дел од мерките може да се таргетирани по општини, а дел може да важат на територија на цела држава“, рече Филипче во интервју за Сител телевизија.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2445 тестирања, а регистрирани се 535 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-277, Куманово-17, Дебар-7, Штип-22, Прилеп-26, Тетово-18, Струга-8, Велес-10, Битола-13, Охрид-4, Кавадарци-4, Гостивар-5, Гевгелија-24, Струмица-30, Крива Паланка-2, Радовиш-6, Кочани-12, Пробиштип-3, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Валандово-5, Виница-1, Делчево-1, Свети Николе-9, Кичево-15, Ресен-8, Неготино-5.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 168 оздравени пациенти од: Скопје-68, Штип-4, Прилеп-14, Тетово-11, Струга-4, Велес-5, Битола-10, Охрид-2, Кавадарци-2, Гостивар-3, Гевгелија-5, Струмица-8, Кочани-14, Пробиштип-1, Берово-5, Виница-4, Делчево-2, Свети Николе-3, Кичево-1, Неготино-2.

Во болнички услови починати се 6 лица, пациенти од Битола (66г), Куманово (57г), Прилеп (72г), Свети Николе (69г), Велес (67г) и Неготино (55г).

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на...

Американецот Роберт Превост е новиот папа – Неговото ново име е Лав XIV

Откако над Систинската капела беше пуштен бел чад, што означуваше дека кардиналите го избраа 267-от поглавар на Римокатоличката црква, беше објавено кој е новиот...

Пуштен бел чад: Избран е новиот папа!

Бел чад е испуштен од оџакот на Сикстинската капела што значи дека е избран нов папа. Кардиналите попладнево одлучиле за наследник на папата Франциск односно...