0.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаВелешани повторно градат мрежа за ширење на лажни вести пред изборите во...

Велешани повторно градат мрежа за ширење на лажни вести пред изборите во САД!

spot_img

Велес, град на брегот на Вардар, кој во текот на првата кампања на Трамп стана светски познат по производство на лажни вести, повторно сака да го земе својот дел од колачот за претстојните избори, пишува Јутарњи.хр.

Истражувањето на „Партнерство за интегритет на изборите“ покажало дека троловите од Велес во Северна Македонија повторно градат мрежа на веб страници со помош на која шират лажни вести во пресрет на претседателските избори во САД.

Посебно се истакнува една веб страница именувана Resist the Mainstream ( спротивстави се на маинстримот). Повеќето текстови речиси едногласно ги поддржуваат или промовираат конзервативните политичари. Голем број текстови се копирани од останатите веб страници, а посебно од десничарскиот портал The Daily Wire.

Уфрлуваат лажни вести како таа дека Џо Бајден носел „бубачка“ во увото во текот на првата претседателска дебата. Во рубриката „за нас“ пишува дека се „проект создаден со мисија за известување за вести кои маинстрим медиумите не сакаат да ги објават“. Како поштенска адреса наведена е адреса во Аустин, Тексас. Истрагата покажала дека зад страницата стојат две индивидуи од Велес кои собираат содржини од десничарските портали и ги шират преку социјалните мрежи.

– Немаме причини да се сомневаме дека операторите на тие страници се мотивирани од нешто друго, освен од финансиска добивка. Меѓутоа тие продолжуваат да профитираат од поларизацијата и веројатно придонесуваат за нејзино ширење во Америка. Лицата коисе склони кон десничарските политики несвесно ги консумираат овие странски содржини – пишува во заклучокот на извештајот.

Преку копирање на содржините на познатите портали го сокриваат идентитертот, шират вирални вести и привлекуваат гласачи. На пример, нивната објава за наводната изборна измама стана вирална, а еднаш нивна објава споделил и републиканскиот политичар Дејвид Роу. Сопствениците на страницата своето потекло се обиделе да го сокријат така што доменот го регистрирале со помош на услугата WhoisGuard , која нуди приватност прикривајќи го идентитетот на сопственикот на домејнот. Како контакт ја регистрирала Гмаил адресата и навеле поштенска адреса во САД. Иако ја унапредиле тактиката од 2016 година, сепак не успеале да ги прикријат сите траги.

Тројца автори на страницата „админ“, „александра“ и „виктор“ поврзани се со три различни е-маил адреси. Адресата на админ е Гмаил адреса наведена во рубриката „за нас“, а Виктор и Александра имаат лични адреси на е-пошта. Преку тие адреси истражувачите брзо дошле до Фејсбук сметката на Виктор и на Александра кои се пријатели на таа мрежа и двајцата како град на раѓање го навеле Велес.

Треба да се напомене дека посетителот кој првпат доаѓа на страницата ќе го дочека пораката: „Драги читатели, свесни сме дека сториите од нашата веб страница не можат да се споделуваат на Фејсбук. Фејсбук не цензурира. Ќе го решиме тој проблем наскоро“. Истражувачите пред да ја објават анализата ги контактирале социјалните мрежи и ги пренеле наодите. Фејсбук и Пинтерест ги блокирале сметките.

Но социјални мрежи има многу па „Resist” се префрлил на мрежата „Parler”. Не е толку позната во Европа, но во САД има околу два милиони корисници. Слична е на Твитер, а се промовира како платформа која ја штити слободата на говорот. Голем број корисници се поддржувачи на Трамп и содржи воглавно антисемитски објави и теории на заговор.

Таму нивната сметка има повеќе од 400.000 следбеници. Истите лица од Велес се поврзуваат и со други сметки, како страницата која промовира афроамериканска про Трамп авторка Candace Owens.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...