11.5 C
Ohrid
недела, октомври 25, 2020
Почетна Македонија Првиот контингент на Армијата на Македонија испратен во мисијата КФОР на Косово

Првиот контингент на Армијата на Македонија испратен во мисијата КФОР на Косово

Translate (Eng):[gtranslate]

Армијата на Република Северна Македонија како 30-та земја членка на НАТО од денеска, со 44 нејзини припадници,  ќе учествува во мисијата КФОР во Косово. Првата ротација е составена од штабни офицери и вод за обезбедување, кои ќе бидат распоредени во главната команда на мисијата и командата „Запад“.

Со присуство на највисокиот воен и државен врв во касарната „Илинден“ во Скопје денеска беше одржана воена свеченост по повод упатувањето на првиот контингент на Армијата на Република Северна Македонија во мисија на КФОР.-Пред нас можеме да ја видиме нашата НАТО Армија, пред нас се 44-мина, посветени мотивирани и храбри припадници на Армијата на Република Северна Македонија кои рамо до рамо, еднакви помеѓу еднаквите ќе го покажат сето она што го знаат и сите оние вештини и знаења пред своите колеги од сојузничките земји во мисијата КФОР, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешната свеченост по повод испраќањето на првата ротација од нашата Армија во рамките на мисијата на НАТО на Косово.

Покажавме, истакна Шекеринска, кои се нашите квалитети на многу далечни места и од сега ќе го покажеме нашето вистинско место и во регионот. Членството во НАТО, како што додаде, значи безбедност и стабилност за нас, значи сигурност под колективниот чадор на Алијансата, но ние тоа членство го чувствуваме како голема одговорност.

РЕКЛАМА

-Ние покажавме дека ги споделуваме истите вредности како и Алијансата уште од 2007 година кога започнавме со логистичка поддршка на оваа НАТО мисија, рече министерката и дополни дека сега на оваа поддршка додаваме нова вредност – нашите припадници, искусни, мотивирани, опремени и подготвени да дадат суштински придонес кон силите на КФОР.

Претседателот на државата Стево Пендаровски посочи дека ова наше учество во мисија предводена од НАТО е јасен показател за нашата намера да бидеме активен и ангажиран член на Алијансата и за нашата намера да придонесуваме за зајакнување на мирот и стабилноста во регионот и пошироко.

-Не постои ниту една моја средба во сите овие години со високи претставници на НАТО, и цивили и генерали, на кои тие не зборуваа со посебен респект за квалитетот на македонските контингенти и во Авганистан, каде што го чувавме седиштето на мисијата во Кабул и за нашето учество во борбени мисии од кои многу наши војници се вратија со највисоки странски одликувања за покажаната храброст, рече Пендаровски.

Иако сме членкa на НАТО од март годинава, како што истакна, нашиот рејтинг во Алијансата е висок, а заслугата ви припаѓа, пред сè вам, почитувани војници и старешини, затоа што во континуитет покажувате врвна професионалност и целосна посветеност на оваа благородна професија.

 

- Реклами -