33.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаKлиниките во Македонија се полнат, власта не убедува дека состојбата е под...

Kлиниките во Македонија се полнат, власта не убедува дека состојбата е под контрола.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Расте бројот на заболени од коронавирусот, како и бројот на хоспитализации. Во болниците во земјава се лечат над 450 пациенти.

<

Има ли земјава доволно лекови потребни за третман на болните заразени со коронавирус, особено оние кои се во потешка состојба и се на болничко лекување.

Министерот за здравство Филипче пред неколку дена изјави дека во нашите болници има доволни количества на лековите ремдесивир и фавипиравир, но и други потребни медикаменти со кои се третираат болните од ковид.

Најави дека ќе се набавуваат и дополнителни колични, но предупреди дека тие се даваат само во болнички услови и кај одредени форми од болеста, по клиничка слика.

„Мора да имаме предвид дека ова е лек кој се дава во болнички услови и се дава по строга индикација на болеста на една од формите на болеста кои може да се манифестираат кај пациентите, значи не кај сите, а после направени крвни анализи. Ние го имаме лекот ремдесивир, го имаме и лекот фавипиравир, има и некоја терапија која исто се дава во комбинација или посебно од овие два лека. Со помош на кредитот од Светска банка тогаш кога ќе помине Законот во Собрание, ќе започне и постапка со која ќе се купи дополнителна количина за целата 2021 година. Значи, лекови има од секој тип сосем доволно, но тоа се лекови што не се даваат надвор од болница“, рече тогаш министерот Филипче.

На интернет може да се најде податок дека во земјава, преку амбасадата на Јапонија, кон крајот на јуни бил донесен лекот фавипиравир, кој се покажал добар за лекување на Ковид-19. „Денеска преку итна неповратна помош, преку Амбасадата на Јапонија го добивме лекот „фавипиравир“, за земјите погодени од вирусот. Добивме за 100 пациенти. Станува збор за антивирусна терапија која што во Јапонија се користи за третман на инфлуенцата од 2014 година. И сѐ уште не е одобрен да биде специфичен лек за Ковид-19, но во тек се бројни клинички студии. И веќе има добри резултати, не само во Јапонија туку и во повеќе земји“, изјави тогаш министерот.

 

А деновиве, пак, д-р Дејан Глишовиќ, дел од тимот од Чикаго, кој е заслужен за тестирање на ремдесивир, даде изјава во врска со лековите што се користат за ковид. 

 

„Освен ремдесивир, тестирани се уште два слични лекови – фавипиравир и меримеподиб, но ниту еден не покажал ефикасност. Хидроксихлорокин, кој дури и претседателот на Соединетите држави, Доналд Трамп, честопати го промовираше порано, доби привремено овластување од ФДА ова лето, но тоа беше повлечено затоа што не беше докажано дека лекот работи против коронавирусот. Конвалесцентната плазма (плазма од донатори кои биле подложени на КОВИД-19) се користи со различен успех, а во тек се студии за терапија со моноклонални антитела „Регенерон“, чии резултати ги очекуваме “, изјави за Нова.р.с. д-р Глишовиќ, медицински директор за интерна медицина во компнијата „Pharmaceutical Research Associates“.

фактор

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...