15.9 C
Ohrid
четврток, март 13, 2025
ПочетнаМакедонијаСинот на Амди Бајрам за погребот: Нема да оставиме можност овој тажен...

Синот на Амди Бајрам за погребот: Нема да оставиме можност овој тажен ден за ромската нација да биде оцрнет

spot_img

Некогашниот пратеник и лидер на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам почина вчера во клиниката „Филип Вотри“. Попладнето беше соопштено дека посмртниот тест на Бајрам покажал дека тој бил заразен со Ковид 19. Неговиот син Габриел Бајрам во телефонски разговор за „Фокус“ рече дека неговиот татко пред 3 дена направил тест и истиот бил негативен, а од болницата на Жан Митрев им рекле дека Бајрам починал од мозочен удар, а не од коронавирус.

<

Амди Бајрам ќе биде погребан денеска во 14 часот во Алеата на великаните на гробиштата во Бутел, а неговиот син на Фејсбук повика сите кои ќе дојдат да му оддадат почит да ги почитуваат мерките и препораките.

„Пријатели поворката до вечното почивалиште на мојот татко Амди Бајрам ке тргне  во 14.00 часот од нашата семејна куќа во Бутел.

Согласно препораките Ве молам сите кои ќе бидат дел од поворката да држат соодветма социјална дистанца и задолжително да носат маски.

со почитувањето на овие препораки ќе покажеме почит кон нашиот великан и татко и нема да оставиме можност овој тажен ден за семејството и ромската нација да биде оцрнет.

Ви благодарам за разбирањето“, напиша Габриел Бајрам.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...

Овчар предизвикал пожар и направил штета од 196 илјади денари

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 49-годишен жител на Тетово за кого постои основано сомнение дека во Скопје сторил кривично...