5.9 C
Ohrid
сабота, февруари 15, 2025
ПочетнаМакедонијаДиректорката Стевановиќ за Фактор: Починатите не се изнесуваат во лимени сандаци од...

Директорката Стевановиќ за Фактор: Починатите не се изнесуваат во лимени сандаци од Инфективна клиника

spot_img

Само во последните три дена, за временна продолжениот викенд, од корона вирусот во болнички услови починаа дури 45 пациенти. Бројката е повеќе од алармантна, а уште повеќе загрижува фактот дека меѓу нив има и луѓе на воздраст од 30-тина години. Јавноста веќе неколку месеци наназад бурно реагира во однос на високата стапна на смртност, а главното прашање е како може и пациенти на 40, 50, 60, а сега веќе и на 30 години да починат од вирусот. Здравствените власти најавија дека во сите клинички болници се прави анализа, но таа се уште не е јавно презентирана во јавноста. Единствено, неколку пати до сега со свои изјави излегоа директорката на Клиниката за Инфективни болести, д-р. Милена Стевановиќ, како и директорот на ГОБ „8 Септември“, д-р. Христијан Костов, напоменувајќи дека за разлика од пред неколку месеци, пациентите веќе не ја кријат болеста, односно навреме бараат лекарска помош и инсистираат на болничко лекување.

<

-Високата смртност се должи на тоа што најголем број од пациентите се со многу други коморбидитети, а во тој случај вирусот прави огромни компликации. Таков е и случајот со 36-годишниот пациент кој почина во петокот. При прием, пациентот имал масивна пневмонија и сатурација од 75 проценти. Пациентот бил со прекумерна тежина и имал дијабетес мелитус, тип 2 за која примал терапија, HTA, рече д-р Стевановиќ за Фактор.

Анализата за високата стапка на смртност е доста комплексна, па во оваа насока и директорот на ГОБ „8 Септември“, д-р. Костов истакна дека се уште се работи на тоа, а потоа и официјално ќе биде соопштена во јавноста.

Освен, големиот број починати, граѓаните уште од пред неколку месеци исплашено говорат дека починатите пациенти во болнички услови, на семејствата им биле предавани во лимени сандаци. Бараат одговори зошто е тоа така и дали вирусот е многу поопасен отколку што се зборува. За ова Фактор разговараше со директорката на Инфективната клиника, д-р. Стевановиќ, која вели дека оттаму ниту еден починат пациент не бил изнесен во лимен сандак.

Faktor

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Македонија ќе се одржи натпревар во јадење ќебапи – Наградата е 500 евра!

Натпреварот е можност за учесниците да ги покажат своите вештини и да се борат за главната награда, која изнесува 500 евра. Доколку уживате во вкусот...

Жена од Гостивар физички нападнала полицаец во кафана.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.Г.(26) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење...

Заев за Груевски: Колку треба човек да е забеган во умот да поверува дека градам кула во ДУБАИ.

Откако поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук од Будимпешта изнесе тврдење дека експремиерот Зоран Заев „започнува изградба на кула од 82 ката во Дубаи“,...

Објава на Груевски: Заев гради кула од 82 ката во Дубаи вредна над 600 милиони евра

Поранешниот премиер Никола Груевски во објава на Фејсбук тврди дека Зоран Заев инвестира во изградба на кула со 82 ката во Дубаи, вредна над...