15.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаКараџовски: Ниту сум мафијаш, ниту пак корумпиран !!!

Караџовски: Ниту сум мафијаш, ниту пак корумпиран !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Јас и мојата фамилија не сме корумпирани и не сме мафијаши, особено не се продаваме за ситни пари, рече доктор Караџовски.

<

На денешната прес конференција, претседателот на Комисијата за заразни болести, доктор Караџовски, рече дека е за строги мерки, бидејќи имал искуство во ЈНА каде се знаело што е ред.

Тој зборувал и за обвиненијата дека добивал големи пари и дека е мафијаш.

“Јас и мојата фамилија, ниту некогаш сме биле, ниту некогаш ќе бидеме мафијаши, ниту корумпирани. Најмалку не се продаваме за ситни пари како што сака некој да прикаже”, вели докторот.

Доктор Караџовски потоа додаде:

“Не дозволувам некој да си игра со нашите фамилии со навредите вперени кон мене и комисијата. Не давам влакно да и фали на комисијата. Таму има професионалци со 30 години искуство. Таму има луѓе кои имаат свои семејства и не дозволуваме некој да не прави мафијаши и корумпирани. Ми кажаа дека имам баснословни пари. Имам автомобил, ене го онде паркиран, кој е стар 18 години. Имам двособен стан, а не хациенда како што се пишуваше.”

Караџовски рече и дека се работи до последните капки пот и дека нема да го остави населението на цедило.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Васил Јованов кој ја прегази и усмрти Фросина Кулакова признава дека е виновен

Обвинетиот Васил Јованов кој ја прегази и усмрти Фросина Кулакова, на денешното судско рочиште призна вина. Тој најпрвин изрази сочувство на семејството на Фросина. -Ќе...

Ова е излетаното БМВ со кое побегнал убиецот од Штип! (ВИДЕО)

Во близина на Миладиновци се уште стои оштетен автомобил марка БМВ излетан од коловозот. Според информаците, токму ова возило се користело за бегство по убиството...

Лишени од слобода, лицето кое пукаше и четворица помагачи во врска со синоќешното убиство во Штип

Лишени од слобода лицето кое пукаше и четворица помагачи во врска со синоќешното убиство во Штип На 08.05.2025 во 21.25 часот во СВР Штип е...

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...