11.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 23, 2025
ПочетнаМакедонијаУчебник за 6-одделение: Изброј до 15 пред да ја заколеш женати!?

Учебник за 6-одделение: Изброј до 15 пред да ја заколеш женати!?

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Децата учат од возрасните, кои пак, им ги пишуваат учебниците, каков што е и учебникот по македонски јазик за шесто одделение во кој е поместен текстот со наслов „Три добри совети“ кои треба да ги подучи децата како да бидат трпеливи.

<

Еден извадок од текстот, кој е пренесен како народна приказна, откако сторијата беше објавена во порталот А1.он и во други медиуми, денеска ги зовре социјалните мрежи. Во текстот за кој станува збор меѓу другото пишува:

„По некое време селанецот се скарал со жена си и дигнал секира да ја заколе, но веднаш се сетил на советот: Кога ќе се налутиш, изброј до 15, па после да го извршиш тоа што си намислил“.

– При анализа на текстот, го прашав детето што научи од овој текст, а одговорот беше очекуван: Ако те изнервира жена ти, изброј до 15 пред да ја заколеш, вели мајка на ученик додека му помагала во домашната задача.

Автори на учебникот по македонски јазик се Снежана Велкова и Соња Јовановска, а истиот е одобрен во 2011 година и продолжен со одлука на Министерството за образование за 2020 година. Рецезенти се професорите Гоце Цветановски, Татјана Пеливанова и Наташа Киркова.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Патот Врбјани Охрид со пресек кај Ботун ќе биде пуштен или 11 или 12 Јули.

Овие геоистраги се при крај, околу 40 отсто се веќе завршени. Врз основа на нив проектантите проектираат модели и типови на заштита на тие...

Храбриот Марко заѕвони на победничкото ѕвонче во детската клиника – болеста е поразена!

Уште една убава и емотивна вест одекна од Клиниката за детски болести во Скопје. Малиот Марко успеа да ја победи тешката болест. Тој храбро заѕвони...

Прилепчанецот Ѓорги сам собираше пари за да стигне до Њујорк – се врати со злато !!!

ПРВО МЕСТО ЗА ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ГЕОРГИ НИКОЛОСКИ НА ПРЕСТИЖНАТА ОЛИМПИЈАДА ВО ЊУЈОРК НО ЗА ДА СТИГНЕ ТАМУ – САМ СОБИРАЛ ПАРИ! Георги Николоски, ученик во трета...

Тамара Гошева со втор златен медал на Државното првенство во атлетика за лица со попреченост

Тамара Гошева СЕ ЗАКИТИ СО ВТОР ЗЛАТЕН МЕДАЛ НА ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ВО АТЛЕТИКА ЗА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ Од 19-21.06.2025 се оддржаа спортските игри на лицата...