13.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаХорор во битолската болница -Отишле да го посетат и го пронашле мртов,...

Хорор во битолската болница -Отишле да го посетат и го пронашле мртов, никој од персоналот не ни забележал

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Пациенти препуштени сами на себе без грижа, а за починатите не ги известуваат членовите на семејството – вака изгледа сликата за Клиничката болница во Битола која ја опишаа роднините на 79-годишниот Трајко Бојоски.

<

Бојоски во понеделникот починал на Интерното одделение, а до вчера неговото семејство не добило отпусна листа, ниту знаат од што починал.

Како што велат неговата сопруга и ќерка, 79-годишниот маж неколку пати бил приман и враќан, а по часови убедување со докторите, во неделата бил примен на Интерното одделение во болницата. Тој примал само симптоматска терапија, како што вели ќерка му, а другиот ден го нашле врзан за креветот откако веќе еднаш паднал од него.

„Мажот ми беше целиот изврзан како на бесилка. Рацете врзани за креветот и провиснати надолу и нозете врзани и расчекорени. Јас се запрепастив и барам сестра, ама нема“, вели сопругата Блага Бојоска за „Алфа ТВ“.

При втората посета до вечерта, членовите на семејството го пронашле Трајко мртов без претходно да бидат известени и според нив, никој ниту го погледнал.

„Болницата е во тотален колапс. Таму единствено што функционира е обезбедувањето. Одделенијата се празни, ништо не ни дадоа и не не известија. Пациентот починат, оставивме два мобилни телефони за контакт, апсолутно никој не не контактираше, а нивни број за контакт не даваат за да прашаме за нашиот пациент. Во која држава, со кој систем Филипче ова го развива, кое здравство и која Клиничка болница?“, изјави ќерката Гордана Пресилска.

Сторија на ТВ Алфа

 

 

Целиот текст прочитајте го на следниот линк.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...