12.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаВО МОМЕНТОВ НА ИНФЕКТИВНАТА КЛИНИКА ВО СКОПЈЕ СЕ ВРШИ ТЕСТИРАЊЕ НА КОРОНА...

ВО МОМЕНТОВ НА ИНФЕКТИВНАТА КЛИНИКА ВО СКОПЈЕ СЕ ВРШИ ТЕСТИРАЊЕ НА КОРОНА ВИРУС НА ЕДНО ЛИЦЕ !!!

spot_imgspot_img

Ја информираме јавноста дека во моментов на Инфективната клиника во Скопје се врши тестирање на корона вирус на едно лице со симптоми на грип. Пациентот има лесна клиничка слика, нема покачена телесна температура и неговата состојба е стабилна. Се работи за лице кое денеска со попладневниот лет од Милано пристигнало во Скопје. Патникот поминал низ термалната камера, која кај него не дијагностицирала симптоматологија на болест. И самиот пациент, првите симптоми ги почувствувал по доаѓањето дома, по што се јавил на Инфективната клиника во Скопје и бил примен во 22:00 часот. Од неговото пристигнување на клиниката, пациентот е ставен во изолација, а во моментов кај него се прават тестови согласно утврдениот протокол. Резултатите се очекуваат во следните два часа, за што веднаш ќе ја известиме јавноста.

Извор: Министерство за Здравство

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...