13.8 C
Ohrid
вторник, мај 7, 2024
ПочетнаМакедонијаДоколку се докаже дека лицето е заболено од Коронавирусот, болниците во Штип,...

Доколку се докаже дека лицето е заболено од Коронавирусот, болниците во Штип, Велес и во Гостивар ќе бидат карантин.

Едно лице со симптоми на грип се тестира на корона вирус на Инфективната клиника во Скопје, соопшти Министерството за здравство.

Според информациите, се работи за лице кое денеска со попладневниот лет од Милано пристигнало во Скопје. Патникот поминал низ термалната камера, која кај него не дијагностицирала симптоматологија на болест. И самиот пациент, првите симптоми ги почувствувал по доаѓањето дома, по што се јавил на Инфективната клиника во Скопје и бил примен во 22:00 часот.

Министерот за здравство, Венко Филипче, истакна дека Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип ќе биде место за карантин во кој ќе бидат сместени евентуалните заразени патници од Корона вирусот, пренесе Алсат-М.

Како што рече министерот, доколку има патници што треба да се опсервираат, тие ќе бидат однесени во Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип, а како што додаде, спремни ќе бидат и инфективните одделенија во болниците во Велес и во Гостивар.

– Во зависност од тоа колку луѓе ќе треба да се опсервираат, освен во Клиничката болница во Штип, подготвени ќе бидат и болниците во Штип и во Гостивар. Сепак, апелирам до граѓаните да не патуваат во ризичните области ако немаат итна потреба – рече Филипче.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јаулески: Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие!

Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие! Му благодарам на Бога што ме удостои...

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња ...

Тројца мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објект во општина Чаир каде се чува изборниот материјал

Денеска (07.05.2024) во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот...

Македонски пејачи ќе пеат во Ќустендил на настан за културно обединување

Втора година по ред во бугарското село Слокоштица, Ќустендил, ќе се одржи музичката манифестација Балканска средба – Музика без граници, на која е најавено...