1.6 C
Ohrid
среда, февруари 12, 2025
ПочетнаЗабаваКурс по Муртински: “Kак да научeте да говорете” !!

Курс по Муртински: “Kак да научeте да говорете” !!

spot_img

Можеби не толку во Струмица, но во делот на селата Муртино, Робово, Ново село и целата околина на Струмица сеуште се зборува на струмички дијалект кој тешко дека некој од Скопје може да го разбере. А за некој од Софија  ич да не зборуваме. Убавината е во тоа. Колку си повеќе поразличен, толку си посебен.

A – Армас – Ми се ареса момичката у бојо шо беше на армасо!

<

Б – Б`лтии –Баја дрва си исцепал со балтиита.

В – Вонка – Ај поварки оти вонка е кокл.

Г – Гуничка. Детто се испотило оти играјале гуничка.

Д – Диско. Толкоо далдисан, шо го собори диското!

Ѓ – Ѓети. Со новите ѓети шлапна у ѓоло.

Е – Енус. Енус ли ќе се чинуваш?

Ж – Жвака. Ного са вирани тии жваќи.

З – Загуљн. Толкоо загуљан, шо не може да го наа чарпако.

Ѕ – Ѕнѕрлии. Ного се погоди тва слаткото од ѕнѕрлии.

И – Иљинџе. Ијгидии, види гледат си иљинџето.

Ј – Јадранка. Скинна тее јадранката.

К –Курем. На калимаанта га боле куремо. Видех јас, не и чурлаше клунко, измрзналаа.

Л – Лнгиди. Курдисааме со су сваќата на лангиди кај комшиита.

Љ – Љимонтабатлии. И бати љимонтабатлиита, чувек не може да се нашале су него.

М – М’ска. Малее, вонка мска.

Н – Нас`ј – Нас`ј бе јадееме мрфки на саиро.

Њ – Њух – Чувек бее… ццц њух….. е саа ме разучара!

О – Ожлембан. Шо са ожлембал бе, испуштииме рејзо. Амселак!

П – Пачавица. Су пандуфлите си ги чинувш пачавиците.

Р – Ронка. Сафи ронки си направил на земната.

С – Сичко. Стига су таа скама, сичко расчина.

Т – Тинкии. Тортоп станаа тии тинкиите.

Ќ – Ќирфии. Не ме ѕифки ного. Ќе зеем су керфии ќе те заковам за џамо.

У – Ујдисе. Мале ни едни иминии не можам да си ујдисам. Сите ми праат пљиги.

Ф – Френки. О хо хо… фасуљ со кисели френки!

Х – Х’лхопки. От тај тељо сукинах си х’лхопките.

Ц – Цреп. Мутав си как цреп.

Ч – Чушки. Не се прај ного чишит. Ак те фанам ка крадеш чушки ќе те маам со чикичо…

Џ – Џрџанаци. Спрустирал руби вчера вонка, заледиле му се џарџанаците.

Ш – Шпирто. Не ми шмити ного ного, најди шпирто и завали го огино.

Тука ни Гугл транслате не може да ви помагне.Прирачников е изработен одамна од некоја Стојне. Фала Стојне, многу ни помогна.

дневни.новости

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Најверниот пријател на Фросе, кученцето Аја- секојдневно ја чека да се врати.

Аја сеуште те чека мила Фроси да се вратиш, да ја прегрнеш, да ја измилуваш, среќни да се прошетате и да си разговарате на...

Пожарникарот Александар започна хуманитарна акција за помош на семејството на Игор Југ.

Од денес како хуманитарна организација ќе се ангажирам и ќе покушам колку што можам да му помогнам конкретно на семејството на Игор Југ без...

Владата ќе го разреши државниот јавен обвинител.

Портпаролката на Владата, Марија Митева на денешната прес-конференција информираше дека Владата го задолжила, Министерството за правда да поведе постапка за разрешување на државниот јавен...

Мухамед Зекири се прости од убиениот во Чаир: Го загубивме нашиот најдобар пријател, брат и син

Екс генералниот секретар на владата на Заев Мухамед Зекири преку социјалната мрежа Фејсбук се прости од убиениот во ноќешната престрелка во Чаир и откри...