19.4 C
Ohrid
недела, септември 8, 2024
ПочетнаМакедонијаОва македонско куче е спремно да загине за својот газда: Шарпланинец храбро...

Ова македонско куче е спремно да загине за својот газда: Шарпланинец храбро го брани стадото овци од волци (ВИДЕО)

Во минатото го нарекувале илирски овчар. Но, бидејќи потекнува од Шар Планина, името Шарпланинец самото се наметнало.

Се верува дека на овие простори пристигнал од Азија, со миграцијата на населението во светот. Силен е и „вооружен“ е со многу моќни заби кои му помагаат во вечната борба со волците кои се често во негова близина во планинските предели. Овие кучиња се исклучително храбри, а најбестрашните од нив, понекогаш влегуваат во битки дури и со мечки. Народните преданија велат дека три Шарпланинци можат да совладаат цела орда волци за да го одбранат стадото овци што го чуваат, макар имало и 500 овци во него.

Овие кучиња и денес најчесто се чувари на стадата во земјава, но и на просторите на поранешна Југославија. Некои од нив ги чува дури и војската на овие балкански простори, а некои се само чувари на куќата. Сепак, тие се многу интелигентни кучиња и за кусо време сфаќаат што се очекува од нив – да бидат чувари – и тоа го прифаќаат со задоволство. Мирен, питом, Шарпланинецот е еден од најсаканите домашни миленици.

Тој е недоверлив кон странците и не дозволува неповикани да дојдат на нивната територија. Но, не напаѓа ако неговиот сопственик не му го нареди тоа.

Ова е импресивно куче со цврста градба, широки, мускулести гради, тажни очи и по малку меланхоличен поглед, цврсто влакно и дебела опашка. Препознатлив е по сивата боја, иако во ретки случаи може да биде потполно бел или црн.

Потекло на Шарпланинците

Иако знаеме дека потекнуваат од Шар Планина, според некои податоци, тие се дојдени на овие простори од Тибет, Хималаите и тоа во времето на Александар Македонски. Тој го донел на нашата територија и тука останале.

Женките се во просек високи помеѓу 60-68 сантиметри, а мажјаците од 68-75 сантиметри. Женките тежат околу 35-45 килограми, додека мажјаците од 40 до 55 килограми.

Интересно е што овие кучиња јадат многу малку во однос на својата големина. Не се пребирливи во однос на храната, но треба да се хранат квалитетно, посебно кога се мали и се развиваат.

Не смеете да ги чувате врзани со ланец, тоа е вистинско мачење за нив. Па ако веќе не можете да ги чувате на отворено, изградете им голема куќичка во која ќе можат да се движат слободно. Заради дебелото крзно не им пречи студеното време, но тие не се како Хаските или Самоједите, па заштитете ја нивната куќичка од студ. Од друга страна, не ги сакаат големите жештини.

Ова се кучиња кои самите се грижат многу за својата хигиена, тоа им е генетски вродена карактеристика. Друга вродена карактеристика им е желбата за чување на својот сопственик, па ако проценат дека тој е во опасност, Шарпланинецот е во состојба да му се спротивстави на противник многу поголем од себе.

Но имајте предвид, колку и да сакате вакво куче, ако не можете да му ги пружите неопходните услови за живот, не го чувајте. Ова не е куче за во стан или за во тесен затворен простор.

Шарпланинецот е надалеку познат по неговата убавина, лојалност и борбеност, а најдобар доказ дека ги оправдува овие епитети е подзаборавеното видео на кое ова куче е прикажано во неговата исконска улога-одбрана на стадата овци кои се чувале и се уште се чуваат на Шар Планина.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...