4.9 C
Ohrid
вторник, февруари 11, 2025
ПочетнаМакедонијаВо прилепската болница нема кој да лекува !!!

Во прилепската болница нема кој да лекува !!!

spot_img

Во Прилепската градска болница, во Инфективното и во ковид-центрите моментално се хоспитализирани околу 60 пациенти. Проблем е недостатокот на медицински персонал, особено на медицински сестри.

<

– Половината од пациентите се на Инфективното одделение, дел во ковид-центарот – во одделението за уво, нос и грло во болницата, а дел има во Очното одделение кое функционира како Ковид-центар. Од нив, 20-ина се на кислородна поддршка – изјави директорот на болницата Драган Богоески.

Тој додаде дека дел од персоналот е позитивен на вирусот и оти недостигаат болничари и медицински сестри.

– Денес успеавме да најдеме кандидати кои сами се пријавуваа. Останува проблемот со медицинските сестри. Но, во моментов се на располагање оние кои немаат доволно работно искуство, но мора да ги ангажираме. Вклучен е целиот медицински персонал од сите одделенија во болницата. Имаме доста персонал кој е болен или позитивен на ковид-19 и тоа во голема мера многу ни ја отежнува работата, истакна Богоески.

Од 20-та специјализанти кои се очекувале на помош, се вратиле 15-ина и сите ќе бидат ангажирани.

– Сите специјализанти ќе бидат ангажирани во одделенијата кои се ковид-центри – во одделението за уво, нос и грло, на очното и на интерното оддление, според распоред. Дел од нив ќе бидат ангажирани во инфективното одделение каде е многу зголемен обемот на работа – вели Богоески.

Тој не знае кога ќе стигнат брзите тестови, но апелира граѓаните кои немаат симптоми, иако имаат член од семејството позитивен на ковид-19, да не брзаат да се тестираат.

– Тестирањето не обезбедува лекување. Најмногу им е потребно на оние кои имаат тешки симптоми. Не знаеме кога ќе ги добиеме брзите тестови, ама важно е да им излеземе во пресрет на сите кои имаат компликации – вели Богоески.

Според Богоески, сите одделенија во прилепската градска болница нормално функционираат и не се запоставуваат тековните пациенти.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мухамед Зекири се прости од убиениот во Чаир: Го загубивме нашиот најдобар пријател, брат и син

Екс генералниот секретар на владата на Заев Мухамед Зекири преку социјалната мрежа Фејсбук се прости од убиениот во ноќешната престрелка во Чаир и откри...

Фото: Убиениот е син на поранешен функционер од ДУИ

Во полноќното пукање во Чаир едно лице загина, додека друго беше повредено. 4news.mk дознава дека убиениот е 35-годишниот Хабиб Буњаку, син на Екрем Буњаку од...

Детали за убиството во Чаир: Се скарале во сообраќај па извадиле пиштоли и почнале да се пукаат

На 10.02.2025 околу 23.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на подрачјето на Чаир, поради претходно недоразбирање во сообраќајот, настанала...

Пукано во членови на семејство на функционер на ДУИ, едно лице починало, другото е рането

Едно лице е убиено, а едно е повредено во престрелка што рано изутрина се случила во населбата Топанско поле во Скопје. Според информациите на Канал...