21.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаРомите за првпат во Македонија добија свој речник на ромски јазик !!

Ромите за првпат во Македонија добија свој речник на ромски јазик !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ромите во Македонија денеска го одбележуваат Денот на ромскиот јазик и по тој повод добија две значајни научни дела, „Речник на ромскиот јазик“ и „Граматика на современиот ромски јазик“. Додека граматиката досега имаше неколку изданија, речникот е прво вакво дело објавено кај нас. Иницијатор на печатењето на овие две дела е Самка Ибраимовски од Партијата за целосна еманципација на Ромите.

<

„Денеска е Ден на ромскиот јазик и по тој повод, првпат објавуваме македонско-ромски речник, кој има над 800 страници. Покрај ова, ја објавуваме и граматиката на современиот ромски јазик. Ова е нешто ново и се надевам дека сите училишта во државата ќе ги добијат овие значајни дела. Издавањето е потпомогнато од Владата. Не треба да се заборави дека Ромите постојат во нашата држава, како заедница која не е толку развиена во однос на другите, па затоа треба да ѝ се обрне повеќе внимание. Овие две изданија се од големо значење за Ромите во Македонија, посебно за оние кои не го знаат добро ромскиот јазик“ изјави Ибраимовски.

Автори на речникот и граматиката се Фатиме и Љатиф Демири, а во изготвувањето на граматиката учествувала и Невсија Дурмуш. Според Ибраимовски, голема заслуга за создавањето на овие две дела има и Рајко Ѓуриќ, кој пред два дена починал. Тој важел за добар познавач на ромскиот јазик уште од времето на Југославија и бил еден од учесниците на првиот конгрес на Ромите во Лондон.

СДК.МК

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....

Турист од Босна починал на плажа во Охрид.

На 17.07.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни...