13.3 C
Ohrid
среда, мај 1, 2024
ПочетнаАвстралијаАвстралискиот математичар Стефан создал “алгоритам за одбирање броеви” при што заработил 30...

Австралискиот математичар Стефан создал “алгоритам за одбирање броеви” при што заработил 30 милиони долари на лото !!!

spot_imgspot_img

Австралискиот математичар создал “алгоритам за одбирање броеви” преку проучување на теоријата на Фибоначи за веројатноста. Со методата наречена комбинаторна кондензација можел да предвиди пет од шест броја што ќе победат и така бројот на можни комбинации се намалил од милион на илјада.

 

Мандел измислил систем за автоматизација со компјутери и печатачи притоа користетјќи го алгоритмот за пополнување ливчиња автоматски, со сите комбинации на броеви. Властите тогаш ги промениле правилата и забраниле печатени ливчиња и купување во голем број.

По 12 победи, австралиските власти почнале да наоѓаат начини како да ги спречат активностите на Мандел. Станало забрането еден човек да може го купи секој билет на лотарија. Пробувајќи да го заобиколи овој закон, Мандел нашол пет деловни партнери. Тоа предизвикало донесување на уште еден закон со кој било забрането за групи поединци да ги купат сите билети на лотарија. Мандел пробал повторно да го заобиколи законот основајќи фирма за лотарија. Откако повторно наишол на пречка од властите решил да се префрли на поголем пазар, односно лотаријата на Вирџинија. Ја отворил компанијата “Пацифик Фајненшл ресорсес” и под неа развил лото-фонд. Во 1992 година, тој и неговиот тим го освоиле џекпотот кој достигнал 27 милиони долари.

Активностите на Мандел иако не били нелегални довеле до четиригодишна правна битка која резултирала со законски измени со цел да се забрани неговата техника.

Во 1995 година поднел барање за банкрот и поминал 20 месеци во затвор откако бил уапсен за измама на инвеститори во Израел. Денес Мандел живее во Вануату, а користењето на неговите стратегии е забрането во сите американски држави.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...

Пијан Кумановец откако дувал на дрегер почнал да се удира самиот, па потоа почнал да ги навредува полициските службеници !!

Полицајци од Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициските...

Опожарени новите електрични Мини-Буси во Прилеп !!

Првите електрични автобуси во Прилеп кои пробно беа пуштени за превоз на патници деновиве, биле опожарени рано утринава 2.28 минути, денеска на први мај...

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на...