1.9 C
Ohrid
четврток, декември 12, 2024
ПочетнаМакедонијаДимитров: За македонскиот јазик и за македонскиот идентитет нема да се преговара-никој...

Димитров: За македонскиот јазик и за македонскиот идентитет нема да се преговара-никој нема да кажува кои сме и што сме

spot_img

На македонскиот народ никој не може да му каже, кои сме ние и каков јазик зборуваме, според меѓународното и европското право порача вицепремиерот за европски интеграции Никола Димитров во емисијата „Само интервју” на Канал 5 телевизија.

Тој истакна дека ни за 7 месеци, 7 години, 700 години нема да има влада која ќе се согласи да разговара за македонскиот јазик и за македонскиот идентитет.

За нашиот македонски јазик, Мисирков пишува уште во 1903 година, јазикот е кодификуван 1945 година, беше еден од официјалните јазици во СФРЈ, сега е во Обединетите нации и во Европската унија, рече Димитров и запраша дали е услов за пристапување во ЕУ е да имате исти погледи со други држави.

„Значи  на македонскиот народ денес никој неможе да му каже – друг народ, соседен, друга држава, трета или четврта , па и меѓународна организација кои сме  ние и каков јазик зборуваме. Тоа прашање е внатрешна работа, наша работа.  Зборувам за меѓународно право  зборувам за европско оправо“, рече Димитров

Не може, вели, државата да има став за  историско прашање, за научно прашање, тоа е работа на историчарите.

„Ова е дисциплина за  науката. Целата идеја на Договорот  за пријателство беше  историјата нека ја разговраат  историчари, а дајте ние да градиме пријателство бидејќи  историјата не можеме да ја смениме, но можеме да ја смениме сегашноста и иднината“, истакна Димитров.

Според него, клучно за соседна Бугарија е да не прифати кои сме бидејќи тоа многу ќе помогне во развивањето на пријателството.

„Ако ние кај што ни е најважно, кај што ни е најсвето сме чепкани и притискани со прст, многу тешко ќе биде да развиваме вистинско пријателство. Мора да се разбере  нашто право на самоопределување. Очекувањата се дека  нашите пријатели ќе го почитуваат изразот на нашето право на самоопределување  е многу базично. Ние бараме една  елементарна почит  да  ни го почитуваат достоинството, бидејќи ние имаме  заедничка историја.  Има и личности што заедно ги славиме, важни се за македонскиот народ, важни се за бугарскиот  народ. Ама сакаме да имаме и заедничка  европска иднина“, изјави вицрепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Случајот „Беса Транс“ падна на Апелација, се враќа на почеток

Случајот „Беса Транс“ падна на Апелација, односно второстепениот суд ја укина првостепената пресуда и случајот го врати на повторно судење, дознава Алсат. Судијата Ивица Стефановски...

Македонското знаме се вее и во ММА: Даниела Алексовска ја победи шампионката од Африка

Македонката Даниела Алексовска имаше одлична борба во рамките на ММА натпреварот организиран од МФЦ во Црна Гора. Таа успеа да ја победи шампионката на Африка,...

Србите бесни: Жестока провокација за Звезда уште пред почетокот на натпреварот со Милан

Милан од 21 часот на стадионот „Сан Сиро“ ќе ја дочекува Црвена Ѕвезда во шестото коло од Лигата на шампионите. Гостите беа разочарани од...

Тошковски: Над 45% од менаџерските функции во МВР се жени

Тошковски: Жените имаат моќна улога во создавањето на позитивни промени, над 45% од менаџерските функции во МВР се жени Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски...