20.9 C
Ohrid
среда, септември 17, 2025
ПочетнаМакедонијаДебарцаДедо Гоце Нјдески од село Белчишта-охридско со кибрити изработува макети на црквите...

Дедо Гоце Нјдески од село Белчишта-охридско со кибрити изработува макети на црквите во Охрид и Дебрца

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

74 годишниот градежен инжинер Гоце Најдески од селото Белчишта Дебарца, изработува макети на охридските и селските цркви и манастири.

<

Изминативе десет години направил стотина модели, Плаошник, Свети Наум, Света Петка, Свети Климент , Свети Атанасиј , ги изработил и подарил на црквите каде се изложени за верниците.

Минијатурните модели се вистински ремек дела комбинирани од дрво и камен. Вели тоа е работа која бара време , трпение, концентрација и љубов.

– „Седнувам три четири саати работам се одмарам. Ми доаѓа идеја па продолжувам. На пример Плаошник е огромна. Го одредувам прво размерот па потоа работам. Ги лакирам со бродски лак и ова може да трае сто години“, вели Гоце Најдески макетар од Дебарца.

Во пандемијата изминатава година има повеќе време за усовршување на своето хоби. Во неговата уметничка колекција има и џамија, Ајфеловата кула, запрежни коли, разбој, бунарот и водениците во Дебарца.

 

– „Пешачев до Света Петка и ја направив најдолго време ми требаше. Компплетно со се конаци се и оставена е горе во црквата Света Петка. Овие макети ги изработувам исклучиво од кибритки. Барутот му го ваѓам и само кибритка до кибритка“ , додава Нјадески.

 

За своите уметнички модели дедо Гоце потрошил илјадници кибрити и цела пензионерска деценија, вели на овој начин ја изразува љубовта кон богатото културно историското наследство и традиција.

Новинар Соња Рилковска Охрид Нет

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

И по шест месеци од пожарот, Панчо од ДНК се уште бил во болница

Вчера се навршија шест месеци од пожарот во таканаречениот клуб Пулс во Кочани, каде животот го загубија 62 млади лица, помеѓу кои и шест...

Голф теренот во Охрид – атрактивна туристичка понуда

Голф теренот во Охрид, кој е прв и единствен во земјава, го стави градот на мапата на туристички дестинации за љубителите на голфот од...

Собир на плоштад во Скопје по повод шест месеци од трагедијата во Кочани!

Собрани сме да ги потсетиме институциите за нивната неодговорност и непостапување. Не видовме во овие шест месеци една институција да излезе со одговор на...

Во Струга пријавени девет кандидати за Градоначалник, во Охрид четири

Најголем интерес, од општините во Југозападниот регион, е забележан во Струга каде до општинската изборна комисија се поднесени 9 кандидатури за градоначалник и 10...