25.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаУгостителите: Парите што ќе бидат наменети за новогодишните забави треба нас да...

Угостителите: Парите што ќе бидат наменети за новогодишните забави треба нас да ни се дадат, бидеќи ние сме најпогодени од оваа криза !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Со дел од парите за предновогодишните прослави да се помогнат угостителите, бараат од независната комора. Велат дека секоја година пред празниците фирмите за прослави трошат повеќе од 20 милиони евра. Годинава бидејќи нема да се органзираат предновогодишни забави, предлагаат дел од добивките компаниите да ги донираат за спас на угостителската индустрија.

<

-На прагот сме на декември, месец кога нема фирма која држи до себе, a нема направено предновогодишна прослава и забава за своите вработени и за своите најверни клиенти. Тоа е месецот кога се бараат врски и ургенции да се резервира невреме омилениот угостителски објект, кога се бара врска за влез и место плус за уште еден гостин. Оваа година поради пандемијата Ковид-19 омилените новогодишни забави ќе ги нема. Од НУК очекуваат безмалку сите финансиските институции банки и осигурителни компании, телеком друштвата, фирмите од фармацевтската индустрија, друштвата кои тргуваат со електрична енергија, производителите и добавувачите на храна и пијалоци и сите останати кои оваа година ќе остварат добивки со планираните средства за предновогодишната прослава и забава да се приклучат кон кампањата и ги инвестираат или донираат во целост буџетите за предновогодишните прослави за опстанок на угостителската индустрија и омилениот угостител, вели Здравко Јосифовски од независната угостителска комора.

Апелираат до владата наместо нови ограничувања, да донесе пакет помош само за угостителите. Со месеци работат со загуби и ако не добијат подршка целосно ќе крахираат.

И првиот човек на СКМ Азески вели дека во вакви услови потребно е државата да обезбеди минимално функционирање на економијата, во спротивно ќе настане целосен хаос. Според Азески клучниот момент е кога државната помош ќе почне да спласнува.

Особено е важно, во состојба на хибернација економијата да се сведе на минимум функционалност, а тој минимум може да се обезбеди само со средства од државниот Буџет. Алтернативата е „неконтролираниот хаос“ кој може да настане. Оваа кратка ретроспектива не треба да се сфати како реализирана прогноза, туку како факт дека треба да се подготвиме за она што претстои, вели Азески.

Во моментов се реализира сет економски мерки за граѓаните и стопанството, но тој ќе помогне да ја протуркаат годинава. За следната владата најави нови пакети и нови мерки.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...