5.9 C
Ohrid
сабота, февруари 15, 2025
ПочетнаМакедонијаАртан Груби бил само преведувач во Жолтата куќа и ништо повеќе- Имено...

Артан Груби бил само преведувач во Жолтата куќа и ништо повеќе- Имено таканаречената „Жолтата куќа“ за време и по воениот конфликт во Косово беше посочувана како место во кое се  правеле операции за вадење органи.

spot_img

Лидерот на ДУИ Али Ахмети вечерва во емисија на ТВ21 ја појасни улогата на Артан Груби, актуелен прв потпретседател на Владата во изтрагата за таканаречената „жолта куќа“ во Албанија, откако дел од албанските медиуми пишуваа дека Груби е повикан за сведок во врска со оваа куќа.

<

Ахмети рече дека Груби бил само преведувач кој преведувал додека се правеле интервјуа со одделни сведоци за улогата на „жолтата куќа“ за време и по конфликтот во Косово.

– Тој работеше како преведувач и службеник во седиштето на НАТО во Скопје. Беше преведувач и на Холандската амбасада во Скопје, но беше преведувач и на Хашкиот трибунал, 7 или 8 години. Откако се врати од Хаг продолжи да работи во НАТО и Холандската амбасада во Скопје – рече Ахмети.

Тој додаде дека би било наивно да се тврди дека Груби  не ја знаел материјата за „жолтата куќа“, но како преведувач, а на како истражител бидејќи тој не бил тоа. Но го знаел материјалот бидејќи преведувал и дел од интервјуата кои ги правеле истражителите од Трибуналот во врска со оваа куќа и затоа не му е јасно зошто сега од Тирана се посочува како сведок.

Неколку медиуми објавија дека еден од можните сведоци во врска со „жолтата куќа“ би можело да биде и Артан Груби.

„Жолтата куќа“ за време и по воениот конфликт во Косово беше посочувана како место во кое се  правеле операции за вадење органи од заробеници на ОНА.Како главни организатори на нелегалната болница се посочуваа Рамуш Харадинај и Хашим Тачи како поранешни припадници на УЧК.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Македонија ќе се одржи натпревар во јадење ќебапи – Наградата е 500 евра!

Натпреварот е можност за учесниците да ги покажат своите вештини и да се борат за главната награда, која изнесува 500 евра. Доколку уживате во вкусот...

Жена од Гостивар физички нападнала полицаец во кафана.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.Г.(26) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење...

Заев за Груевски: Колку треба човек да е забеган во умот да поверува дека градам кула во ДУБАИ.

Откако поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук од Будимпешта изнесе тврдење дека експремиерот Зоран Заев „започнува изградба на кула од 82 ката во Дубаи“,...

Објава на Груевски: Заев гради кула од 82 ката во Дубаи вредна над 600 милиони евра

Поранешниот премиер Никола Груевски во објава на Фејсбук тврди дека Зоран Заев инвестира во изградба на кула со 82 ката во Дубаи, вредна над...