12.9 C
Ohrid
среда, ноември 6, 2024
ПочетнаМакедонијаПочина проф. д-р Снежана Веновска-Антевска од Институтот за македонски јазик

Почина проф. д-р Снежана Веновска-Антевска од Институтот за македонски јазик

По кратко боледување вчера почина проф. д-р Снежана Веновска-Антевска, научен советник во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје и директор на оваа научна установа во периодот од 2002 до 2006 година.

Веновска-Антевска е родена на 2 јули 1959 година во Скопје. По дипломирањето на Филолошкиот факултет во Скопје беше вработена во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ на Одделението за современ јазик, каде што по докторирањето во 2001 година доби научно звање.

Беше дел од авторскиот тим на два капитални проекта на Институтот – Интенцијално-синтаксички речник на македонските глаголи, проект што ја доби наградата „13 Ноември“, и Толковниот речник на македонскиот јазик, проект – добитник на наградата „Гоце Делчев“.

Во својата плодна научна работа, д-р Снежана Веновска-Антевска беше раководител или соработник на повеќе национални и меѓународни научни проекти и има објавено повеќе од дваесет монографски трудови, самостојно или во коавторство, и над 200 научни прилози, во домашни и во странски списанија.

Беше дел од образовниот процес на Институтот за македонски јазик, на вториот и третиот циклус студии, каде што е ментор на повеќе од 10 магистерски трудови и еден докторски труд, а беше ангажирана и како професор на додипломски студии на Универзитетот ФОН, на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ.

Д-р Снежана Веновска-Антевска беше член на Советот за македонски јазик при Владата на РМ, член на Комисијата за полагање лекторски испит, претседател или член на повеќе редакциски одбори и тела во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, но и во други одбори и тела на државно или на меѓународно ниво. Таа беше еден од главните организатори на 14. Меѓународен славистички конгрес што се одржа во Охрид, во 2008 година.

– Ако големината на човечкиот век се мери со делата што ги остава зад себе, тогаш д-р Снежана Веновска-Антевска остави трајни и неизбришливи траги не само во науката за македонскиот јазик, туку и во срцата на сите оние што имале чест да бидат нејзини соработници, соопшти Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

Посмртните останки за оддавање последна почит на д-р Снежана Веновска-Антевска ќе бидат изложени денеска од 13 до 13.30 часот во црквата во Драчево, а погребот ќе биде извршен во 14 часот на гробиштата во Драчево.

Институтот за македонски јазик утре (25 ноември 2020) во 11 часот ќе одржи комеморација.

MИА

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Се огласија Русите: Доналд Трамп мрази да троши пари на разни продадени души

Дмитри Медведев, поранешен руски претседател и актуелен заменик-шеф на рускиот Совет за безбедност, коментирајќи ја победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД...

Зеленски му ја честита големата победа на Доналд Трамп.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му честиташе на Доналд Трамп по прогласувањето на победата на американските избори. „Честитки за импресивната изборна победа на Доналд Трамп! Се сеќавам...

Мицкоски со честитка до Трамп: Со нетрпение очекуваме натамошно продлабочување на нашето цврсто партнерство и соработка

Премиерот на Македонија Христијан Мицкоски упати честитки до Доналд Трамп, кој според резултатите од претседателските во САД ќе биде нов американски претседател –Во мое лично...

Цела Србија на нозе, Вучиќ предлага референдум- Нема да останам претседател ако ја немам поддршката од народот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во емисијата „Кирилица“ на телевизија „Хепи“ изјави дека оставката на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ е...