6.1 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаДоктор Пановски: Пикот на заразата е поминат уште пред десет дена.

Доктор Пановски: Пикот на заразата е поминат уште пред десет дена.

spot_imgspot_img

Пикот на Ковид-19 е поминат и бил пред десетина дена кога имаше 107 новодијагностицирани, смета микробиологот, професор д-р Никола Пановски.

Не очекувам да има поголем број на инфицирани, односно докажани позитивни и не значи дека 1600 би бил пик ако сега имаме по 20 или 30 дневно, а може и помалку. Мислам дека почнува кривата да се спушта, дека е пројден тој пик, речиси сум сигурен. Нормално дека министерот е порезервиран, бидејќи тој кажува поодговорно и може да го нападнат дека згрешил. Мислам дека тој и епидемиолозите се 95 проценти свесни дека пикот прошол, односно дека нема да има нагорна линија на заболени, туку дека ќе има ист број и со време и помалку докажани болни. Уште 15 дена бројот на починати веројатно ќе остане ист, а може и ќе расте, вели Пановски одговарајќи на прашање кога би можел да го очекуваме пикот во емисијата „Само вистина“ на Канал 5

Тој вели дека било евидентно оти Кризниот штаб и Комисијата за заразни болести го предвидувале полошото сценарио и мерките што ги преземале биле во случај да биде посериозна состојбата.

Пикот веројатно беше кога беа тие 107 пред десет дена, ако веќе мора да има пик. Така да покрај овие бројки, јавноста треба да знае дека има бројки и процент на позитивни тестови. Едно време одеше преку 10 проценти, а сега со денови веќе, без разлика дали имало 40, 20, 13 итн. е под седум проценти. Од тие што се испитувани процентот е се понизок што охрабрува, смета Пановски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...