1.6 C
Ohrid
среда, февруари 12, 2025
ПочетнаМакедонијаФилипче: Вакцината ќе се дава во две дози, затоа планираме да набавиме...

Филипче: Вакцината ќе се дава во две дози, затоа планираме да набавиме на три пати по 800.000 вакцини.

spot_img

Граѓаните ќе се вакцинираат против коронавирус доброволно и бесплатно во постојните пунктови за вакцинација и во болниците. Приоритет во вакцинирањето против ковид-19 ќе имаат сите здравствени работници од ковид-центрите и оние коишто работат со заболени или сомнителни пациенти со коронавирус, рече на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

<

„Веќе се обезбедени 833 илјади вакцини за 400 илјади граѓани, преку Ковакс-механизмот на СЗО и на Глобалната алијанса за имунизација, а во кои учествуваат сите соседни земји, освен земјите членки на ЕУ, кои имаат можност за директен договор со компаниите кои произведуваат и дистрибуираат вакцини. Ковакс ќе го одреди планот за дистрибуцијa многу скоро. Дополнителна количина ќе можеме директно да набавиме од ‘Астра Зенека’ и од „Фајзер“. Добивме понуда и од Полска и од Грција, кои грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис му ги понудил на премиерот Зоран Заев и од нив се обезбедени дополнителни околу 800 илјади вакцини“, кажа министерот Филипче.

Тој додаде дека и од САД се договорени фрижидери за чување на вакцините против ковид-19 на минус 70 степени. Ќе стигнат на почетокот на јануари.

По здравствените работници и оние кои земаат брисеви и се изложени директно на зараза од коронавирус, на ред за вакцинирање ќе бидат граѓаните со над 65 години и пациентите со хронични болести, во делот на хронични белодробни и кардиоваскуларни болести, понатаму вработените во критичната инфраструктура и во транспортот.

Вакцината ќе се дава само на пациенти во добра општа здравствена состојба (исто како и кај другите вакцини). И тие што прележале коронавирус ќе може да ја примат, но нема да бидат меѓу приоритетните. Ќе се дава првата доза, па по 21 ден, втората. По дваесет и првиот ден се очекува заштитниот ефект на вакцината, одговори министерот на прашањата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Најверниот пријател на Фросе, кученцето Аја- секојдневно ја чека да се врати.

Аја сеуште те чека мила Фроси да се вратиш, да ја прегрнеш, да ја измилуваш, среќни да се прошетате и да си разговарате на...

Пожарникарот Александар започна хуманитарна акција за помош на семејството на Игор Југ.

Од денес како хуманитарна организација ќе се ангажирам и ќе покушам колку што можам да му помогнам конкретно на семејството на Игор Југ без...

Владата ќе го разреши државниот јавен обвинител.

Портпаролката на Владата, Марија Митева на денешната прес-конференција информираше дека Владата го задолжила, Министерството за правда да поведе постапка за разрешување на државниот јавен...

Мухамед Зекири се прости од убиениот во Чаир: Го загубивме нашиот најдобар пријател, брат и син

Екс генералниот секретар на владата на Заев Мухамед Зекири преку социјалната мрежа Фејсбук се прости од убиениот во ноќешната престрелка во Чаир и откри...