16.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев: Граѓани од Северна Македонија, нема да си дозволиме по секоја...

Заев: Граѓани од Северна Македонија, нема да си дозволиме по секоја цена да влеземе во Еу, ветото на Бугарија е голема грешка !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Обраќање до нација на премиерот Заев по ветото од Бугарија за евроинтеграција на Северна Македонија:

<

Почитуван македонски Народе,

Почитувани граѓани од сите заедници во Северна Македонија,

На сите ни е јасно, дека до овој момент Европската Унија не постигна согласност за прифаќање на преговарачката рамка за нашата земја. Оваа неодговорна грешка е горчлива вест за целата наша нација. На овој ден, се слуша големото разочарување кај сите нас во една издишка.

Бугарија стави вето, го прекрши Договорот за добрососедство и пријателство и со тоа застана на патот на нашата европска интеграција за која во повеќе наврати институциите на ЕУ и земјите-членки, вклучувајќи ја и Бугарија, потврдија дека целосно ги исполнуваме условите.

Тоа не е европски начин. За жал, Бугарија не собра сила да се однесува европски. Бугарија дозволи, да испорача гест кој не покажува ни пријателство, ни братство.

Ставот на Бугарија е целосно ирационален и навредлив за Македонците и за целиот наш народ. Во 21 век, не е европски, ниту демократски, да му кажете на друг како да се чувствува, како да се самоопределува. Не е европски да му ја пишувате историјата на друг народ. Да му наметнувате идентитет на друг народ и да го убедувате дека треба да го прифати.

За Северна Македонија, за македонскиот народ и за сите граѓани на нашата земја не се прифатливи овие услови.

Затоа ние застанавме цврсто во одбрана на македонските национални интереси. Не дозволивме да се чепка во достоинството на македонскиот идентитет и во столбовите на идентитетот, а тоа се македонскиот народ и македонскиот јазик.

Нема да дозволиме ниту антифашистичкиот идентитет на нашата земја да биде загрозен и да биде доведен во прашање! Темелите на нашата државност се во антифашизмот на АСНОМ, како што темелите на нашиот идентитет се во македонскиот народ и македонскиот јазик. Тоа се нашите столбови од минатото. Тоа се нашите столбови за иднината.

Ние сме свои на своето. Чисти пред себе и пред светот. Знаеме кои сме и точно знаеме каде одиме. И точно знаеме за што смее, а за што не смее ниту да се преговара ниту да се разговара.

Ние одбивме да преговараме за работи за кои не смее ни да се разговара! Преговори со ЕУ да, но не по цена на ревизија на македонскиот идентитет. Не под условите кои сега ги наметнува Бугарија.

Ние велиме – ДА за Европа и велиме НЕ – за уцени врз македонскиот народ! И НЕ за уцени врз нашите сограѓани Албанци, Турци, Роми, Срби, Бошњаци, Власи и сите други.

Народе мој,

Македонската држава е земја на пријателства и соживот. Како израз на историското паметење, стремежот за правда и неприкосновеноста на човековите права, сме знаеле и да простиме и да се извиниме во име на иднината. Но, никогаш не сме посегнале по туѓото. Ние сме градители. И тоа е во нашата идентитетска карта како наш автентичен белег. Така денеска не препознава светот: Ние градиме пријателства. Ние сме светол пример за добрососедство. Ние никогаш не сме предизвикувале проблеми и никогаш нема да бидеме проблемот. Ние сме носители на решенијата. Тоа е нашиот победнички став.

Затоа сите се на нашата страна. Пријателите се со нас и заедно со пријателите ќе одиме напред.

Им оддаваме признание и благодарност на сите останати земји-членки на Европската Унија. Посебно признание и благодарност упатуваме до Сојузна Република Германија која во исклучително тешки времиња, во врвот на нејзиното претседавање со Унијата ги стави Буџетот на ЕУ, борбата против КОВИД-19 и проширувањето, со цел да се одржи првата меѓувладина конференција со Северна Македонија како старт на преговорите за нашето членство во ЕУ.

За жал, процесот на проширување како стратешка цел на ЕУ го запре Република Бугарија, од позиција на земја-членка………….

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Васил Јованов кој ја прегази и усмрти Фросина Кулакова признава дека е виновен

Обвинетиот Васил Јованов кој ја прегази и усмрти Фросина Кулакова, на денешното судско рочиште призна вина. Тој најпрвин изрази сочувство на семејството на Фросина. -Ќе...

Ова е излетаното БМВ со кое побегнал убиецот од Штип! (ВИДЕО)

Во близина на Миладиновци се уште стои оштетен автомобил марка БМВ излетан од коловозот. Според информаците, токму ова возило се користело за бегство по убиството...

Лишени од слобода, лицето кое пукаше и четворица помагачи во врска со синоќешното убиство во Штип

Лишени од слобода лицето кое пукаше и четворица помагачи во врска со синоќешното убиство во Штип На 08.05.2025 во 21.25 часот во СВР Штип е...

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...