13.9 C
Ohrid
петок, октомври 18, 2024
ПочетнаМакедонијаВладата издвои половина милион евра помош за Арачиново, за полесно справување со...

Владата издвои половина милион евра помош за Арачиново, за полесно справување со Ковид-19

На денешната седница, Владата донела одлука да го помогне Арачиново со 500.000 евра неповратна помош.

„Владата денеска донесе одлука за одобрување на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година во висинсдк.мка од 30.000.000 денари на Општина Арачиново, како еднократна неповратна финансиска поддршка, за справување со потешкотиите во тековното работење настанати поради ковид-19 кризата“, соопшти Владата.

Нема детали за што точно Владата дава пари од буџетот само на оваа општина, ниту дали ќе има и кој ќе врши контрола на трошењето на донацијата.

Владата одлучила да одобри 8 милиони евра повеќе во Пакетот 4 за поддршка за справување со последиците од ковид-19 за дополнителни категории граѓани и компании. Натаму, одобрени се 99 инфраструктурни проекти за 75 општини, со 35-те милиони евра пренаменети од ТАВ со кои првично требаше да се изгради карго аеродром.

Со најновиот пакет мерки, на предлог на вицепремиерот Фатмир Бетиќи, опфатени се: 731 естраден уметник со финансиска помош во износ од по 2 бруто минимални плати (21.776 денари); 40 здруженија од Асоцијацијата на танцови здруженија со грантови од по 2.000 евра за секое здружение; приватните установи за деца – детски градинки со субвенции од 1.500 денари по згрижено дете, за период од 6 месеци, за вкупно 1.216 деца во 17 градинки, со што тие добиваат ист третман како јавните детски градинки во државата.

Четвртиот пакет опфаќа и финансиска помош за 12 дизајнерски ателјеата за организирање свадби кои се забранети во овој период со еднократен износ од 90.000 денари; потоа грантови за едукативни центри за деца исто како и за игротеките, (по број на вработени, со по две бруто плати до 21.776 денари); грантови за центри за странски јазици исто како и за игротеките со по две бруто минимални плати од 21.776 денари; потоа финансиска помош за ноќни клубови врз основа на прикажан вкупен бруто промет од 2019 година за вкупно 24 субјекти и во вкупна висина на средствата од 7.380.000 денари, што значи според ланските гости, односно ланскиот промет од гостите.

Во оваа помош влегува и субвенционирање на плати на вработени во 48 младински организации и организации за млади од по 21.776 денари месечно, за 2 месеци и за хонорарно ангажираните лица во овие организации; финансиска помош на МЖ Транспорт во висина од 110.000.000 денари, и за ЈП Државни патишта пат во висина од 180.000.000 денари, финансиска поддршка од по 14.500 денари по вработен за два месеци за ефективни работни часови за 58 лиценцирани превозници со лиценци за 376 автобуски линии; скалеста исплата на финансиска помош на: самостојни уметници, филмски работници и уметници стручни соработници, од 14.500, 18.000 или 21.500 денари во зависност од примањата за период од 3 месеци, за вкупно 462 корисници за што се предвидени вкупно 24.948.000 денари за чија исплата ќе биде објавен повик од Министерството за култура и за други субјекти и правни лица.

На оваа седница е донесена Одлука со која е одобрена предлог листа на проекти од општини за финансирање од дополнителни средства кои се обезбедија со пренамената на финансиските средства од ТАВ што беа предвидени за изградба на карго аеродром во Штип.

Со оваа одлука се обезбедени 35 милиони евра за 99 проекти за 75 општини кои се одобрени за изградба и реконструкција на локална патна инфраструктура, за водоснабдителна мрежа, за канализациони мрежи, за реконструкција изградба на градинки и училишта и спортски објекти, за реконструкција и изградба на здравствени установи, и за други проекти што ги предложија општините и што се прифатени со оваа одлука на Владата на Северна Македонија.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициска акција за дрога во Тетово и Охрид: Уапсени 13 лица, едно е во бегство!

Претреси на 17 локации во Тетово и Охрид, уапсени се 13 лица, а едно лице е во бегство – ова е исходот од денешната...

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Како што информират од Општина Велес, на Денот на жалост, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски...

Боки 13 на игра ќе доделува 7 автомобили и стан во Скопје.

Боки 13 лицето кое до неодамна беше во затвор а ослободен поради влошената здравствена состојба, го организара најголемиот Giveaway во Македонија... Македонијо започнува најголемиот GIVEAWAY...

Русковска: Не сум го читала светото писмо, затоа што не сум верник !!!

Ни помалку ни повеќе не сум горда за предметот за 27 април од другите предмети, тврди разрешената шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска во...