16.4 C
Ohrid
недела, јули 6, 2025
ПочетнаМакедонијаНа 59-годишна возраст од последици на Ковид-19 почина генерал Бранко Дракалски

На 59-годишна возраст од последици на Ковид-19 почина генерал Бранко Дракалски

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Генералштабот на Армијата со жалење и сочувство кон фамилијата, ја известува јавноста дека бригадниот генерал во пензија Бранко Дракалски по кратко боледување, на 59 годишна возраст ја загуби битката со корона вирусот.

<

Во текот на неговата воена кариера до неговото пензионирање во 2015 година, бригадниот генерал Бранко Дракалски, има извршувано повеќе високи воени должности, а во период од 2009 – 2014 година беше и највисок воен претставник во седиштето на НАТО во Брисел. Претходно има извршувано голем број на командантски должности меѓу кои и командант на втората механизирана пешадиска бригада.

Военото образование го започнува во воената воена гимназија во Белград, а покасно завршува Воена академија на Копнената војска во 1983 година. Командно-штабна академија завршил на Воената академија во Скопје во 1996 година, а завршил и школа за национална одбрана во Алабама (САД), на тамошниот Универзитет за национална одбрана во 2005 година. Во чин бригаден генерал е унапреден во 2009 година.

Во текот на својата кариера, како потврда за неговата професионалност во службата, добивал повеќе признанија, пофалби и други стимулативни мерки. Меѓу другото одликуван е со Медал за воени заслуги.

Автор е на неколку стручно-специјалистички трудови, меѓу кои и трудови кои се објавени на англиски јазик. Во пензионерските години генералот Бранко Дракалски остана активен допринесувач во полето на одбраната.

Бригадниот генерал Бранко Дракалски е погребан денес во неговото живеалиште во Битола.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...