22.9 C
Ohrid
среда, јули 2, 2025
ПочетнаСветЕден 94-годишен Италијанец ја повикал полицијата на Божиќ затоа што бил осамен.

Еден 94-годишен Италијанец ја повикал полицијата на Божиќ затоа што бил осамен.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Фиоренцо Сфераца живее во Вергато, во близина на Болоња, и на Божиќ се јавил во полиција за да побара некој да дојде во неговиот дом и да наздрави со него затоа што не сакал да биде сам.

<

Според италијанските медиуми, тој рекол: „Сам сум дома. Ништо не ми е, само сакам да наздравам со некого на Божиќ. Ако има слободен полицаец, може ли да дојде на 10 минути затоа што сум сам?“

Карабиниерите отишле во неговиот дом, каде што дедото ги чекал и им кажал анегдоти од неговиот долг и интересен живот. Полицајците разговарале со него, наздравиле и му организирале видеоповик со некои негови роднини.

Следниот ден тие повторно го посетиле и му дале фотографија од нив заедно. Дедото рекол дека бил трогнат од однесувањето на полицајците.

Превземено од Fakulteti.mk

Извор и насловна фотографија: Euro Weekly News

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена од Тетово нападната од мечка !!

Жена од тетовското село Синичане во Општина Боговиње била повредена од мечка, информираат од СВР Тетово откако за овој случај биле известени од тетовската...

Пецаков оствари средба со Амбасадорот на Република Ирска, со седиште во Букурешт- Се разговараше за туризмот и политичката состојба во Р.М.

Градоначалникот Пецаков оствари средба со Амбасадорот на Република Ирска, со седиште во Букурешт кој ја покрива и Република Македонија, Брендан Вард. На средбата се разговараше...

Стојанче потпиша договор за ангажман на двата пензионирани пилоти

ДЗС: Ангелов потпиша договор за ангажман на двата пензионирани пилоти Стојанче Ангелов, в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), вчера потпиша договор за...

Скопјанец загина под сопствениот прозор, со мотор го прегазиле на пешачка зона на кеј

Скопјанец загина вчера во страшна сообраќајна несреќа што се случила на кејот на Вардар, во близина на Паркот на франкофонијата, или кај објектот „Жабарот“ Според...