20.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаМицкоски: „Не знам кој претседател на ВМРО-ДПМНЕ организирал повеќе протести од мене.

Мицкоски: „Не знам кој претседател на ВМРО-ДПМНЕ организирал повеќе протести од мене.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во вечерашното гостување на емисијата „Прашањето ми е следно“ на порталот „Инфомакс“ изјави дека „не знае кој претседател на ВМРО-ДПМНЕ организирал повеќе протести од мене“. Одговорот го даде на прашањето на водителот, дека многумина му забележуваат дека е „многу млак“ во јавните настапи и дека партијата не протестирала за клучни процеси.

<

„Организиравме протести целиот овој период. Јас не знам кој претседател на ВМРО-ДПМНЕ организирал повеќе протести од мене. Да се навратиме, какви беа протестите од 1990 до 1998? Какви беа од 2002 до 2006? Јас имам повеќе од 150 јавни настапи во овие три години откако сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Протестиравме и против Преспанскиот договор и договорот за Бугарија… Двапати организираме над 30 000 луѓе пред Влада во овој период. А замислете, ние сме партија која има неколку илјади членови под политички прогон, десетици илјади кои се под мобинг во државните институции…“

Запрашан за тајмингот кога се организирале протестите, Мицкоски одговори дека партијата реагирала навремено, како на пример додека траеја преговорите со Бугарија. Но, потсети и дека како политичар, тој мора да носи одлуки согласно сите информации кои ги има. Објасни дека партијата ќе продолжи да протестира за национали теми, како преговорите со Бугарија, но и дека тоа не е ексклузивна тема за ВМРО-ДПМНЕ тука за сите граѓани. Најави и протести против образовните реформи, за здравството и за воздухот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...