12.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаБританскиот фонд за стипендии (British Scholarship Trust) доделува стипендии за млади...

Британскиот фонд за стипендии (British Scholarship Trust) доделува стипендии за млади од Македонија (повеќе детали во текстот)

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Британскиот фонд за стипендии (British Scholarship Trust) доделува до шест стипендии за кратки студиски престои, од еден до три месеци за млади истражувачи од Република Северна Македонија на соодветни високообразовни и научно-истражувачи институции во Велика Британија за 2021 година.

<

Стипендијата изнесува 900 фунти месечно за универзитети надвор од Лондон и 1.000 фунти месечно за институции во Лондон, за покривање на трошоците за сместување и исхрана. Патните трошоци се на товар на кандидатите.

Конкурсот ќе трае до 1 март 2021. Услови за конкурирање се завршени универзитетски студии од прв циклус со просечен успех над 8.00, одлично познавање на англискиот јазик, да не се постари од 30 години и да имаат обезбедена согласност од соодветна институција од Велика Британија за реализација на студискиот престој.

Потребните документи за пријавување заедно со пополнетата апликација достапна на страницата на Фондот на треба да се поднесат во Министерството за образование и наука, на англиски јазик, на адреса: ул. „Св. Кирил и Методиј“  бр.54, 1000 Скопје, Одделение за меѓународна соработка во образованието и науката.

Повеќе информации може да се добијат на страницата на Британскиот фонд   или на мејлот: [email protected].

Извор мкд.мк

 

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ова е излетаното БМВ со кое побегнал убиецот од Штип! (ВИДЕО)

Во близина на Миладиновци се уште стои оштетен автомобил марка БМВ излетан од коловозот. Според информаците, токму ова возило се користело за бегство по убиството...

Лишени од слобода, лицето кое пукаше и четворица помагачи во врска со синоќешното убиство во Штип

Лишени од слобода лицето кое пукаше и четворица помагачи во врска со синоќешното убиство во Штип На 08.05.2025 во 21.25 часот во СВР Штип е...

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на...