21.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаГруби: Си ја признаваме грешката, подготвени сме да си ја платиме казната...

Груби: Си ја признаваме грешката, подготвени сме да си ја платиме казната што ќе ни биде изречена!!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Вицепремиерот и министер Артан Груби призна дека била направена грешка со објавата на фотографијата на која се гледа како петнаесетина функциониери од редовите на ДУИ, седат еден до друг, без маски и дистанца.

<

Тој во изјава за Канал 5 вели дека ја прифаќаат одговорноста, бидејќи со фотографијата испратиле погрешна порака до граѓаните.

Преземаме целосна одговорност, подготвени сме да ги сносиме последиците и почитуваме одлуките. Ги повикуаваме надлежните институции да изречат мерки кои ќе ги испочитуваме како секој граѓанин. Покрај грижата за своето лично и семејно, заедно со јавното здравје, ние сме посветени како избрани претставници да сме пример и да предводиме со дела во се што правиме. Жалам што во оваа инстанца не бевме на висината на оваа наша посветеност. – вели Груби.

Освен бурните реакции во јавноста, непочитувањето на мерките што се гледа на оваа фотографија резултираше и со групна пријава до МВР против петнаесетте функционери на ДУИ од страна на Марјан Ненов од Здружението “Но пасаран”. Со ова тој сака да ја „тестира “ державата за тоа колку законите важат подеднакво за сите, имајќи го во предвид тоа што и самиот лично бил казнет од полицијата за неносење на маска во сопственото возило.

За овој случај од МВР велат дека во координација со Државниот инспекторат за труд и Јавното обвинителство преземаат мерки и активности за негово расчистување, по што ќе следат соодветни поднесоци.
Kanal 5

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....

Турист од Босна починал на плажа во Охрид.

На 17.07.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни...