30.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаКаракачанов пак со уцени -Република Северна Македонија има шанса да добие датум...

Каракачанов пак со уцени -Република Северна Македонија има шанса да добие датум за преговори ако го потпише анексот со 12 точки

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Република Северна Македонија има шанса да добие датум за преговори во јануари или февруари, ако го потпише анексот од 12 точки што го доставивме, рече вицепремиерот и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов во интервју за бугарската ТВ Нова.

<

Според него, Република Северна Македонија имала шанса да одреди датум за преговори уште во ноември минатата година, но не сакала да го искористи тоа.
„Бугарија не стави вето, таа едноставно рече дека не се подготвени за датум за преговори“, рече Каракачанов.
Според него, Бугарија е „за” проширување на ЕУ на Западен Балкан, но загрижува говорот на омразата против сè што е бугарско.
„Омразата се заснова на грубо и гнасно фалсификување на историјата“, вели Каракачанов.
Тој, денеска, пак во гостување во неделната програма „Беновска пита” на Радио К2, најави дека следната недела на средби во Софија оди специјалниот претставик на Владата за Бугарија, Владо Бучковски.
„Вистина е, разговаравме со господинот Бучковски, следната недела тој во улога на главен преговарач или медијатор, ќе биде во Бугарија. Сè уште не сме го закажале состанокот, но дали ќе биде вторник или среда, некаде таму“, рече Каракачанов.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...