16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаГруби: Ги платив двете казни, едната за неносење маска од 20 евра...

Груби: Ги платив двете казни, едната за неносење маска од 20 евра а другата беше поголема бидеќи бев казнет како одговорно лице, а таа ме чинеше 500 евра.

Откако пред неколку дена за време на промовирањето на новите канцеларии на Министерството за политички систем и односни меѓу заедниците, функционери на ДУИ без заштитни маски и дистанца, го славеа роденденот на лидерот Али Ахмети и тоа го овековечија со фотографија, до нив пристигнаа и казни поради непочитување на ковид мерките.

Казна од 500 евра доби вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, за кого инспекторатот утврдил дека го прекршил Законот за заштита на населението од заразни болести затоа што како одговорно лице дозволил прослава без заштитни маски.

На оваа тема се разговараше и во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 каде вицепремиерот Груби посочи дека ги платил и двете казни, едната од 500 и другата од 20 евра.

„10 минути пред да се сликаме беше и Зоран Заев. Грешна беше. Беше еуфорија. Како сите граѓани и ние сме еднакви пред законот и си плативме казна“, порача Груби.

Тој истакна дека казните ги платитл од својата плата и вели дека на спорната фотографија се луѓе кои сакале да му го честитаат роденденот на Али Ахмети.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...