14.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаСДСМ и ДУИ се предомислија: Лимитот за плаќање во кеш до 500...

СДСМ и ДУИ се предомислија: Лимитот за плаќање во кеш до 500 евра е поништен, сега може до 3.000 евра да плаќате.

spot_imgspot_img

Пу Пу не важи. Откако во јуни годинава лимитот за плаќање во кеш се намали од 1.000 на 500 евра, многу брзо тој праг не само што ќе се зголеми, туку и ќе рипне неколкукратно, на дури 3.000 евра.

На 27 декември, кога сите беа зафатени со предновогодишни коктели, пратениците речиси „инкогнито“ и по скратена постапка си ги изгласале измените на Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, со кој лимитот се крева на 3.000 евра.

„Во Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам („Службен весник на Република Македонија“ број 120/18), во член 182 по ставот (2) се додава нов став (3) кој гласи: „(3) Со влегувањето во сила на овој закон забраната за плаќање со готовина на стоки и услуги од членот 48 од овој закон, ќе се однесува на готовински плаќања, во износ од 3.000 евра или повеќе во денарска противвредност во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, што не е извршено преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги“, се вели во законските измени.

Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија”.

А овие законски измени ги предложиле група пратеници Ејуп Алими, Реџаиљ Исмаили, Агим Шаќири, Александар Филиповски, Агим Муртезанов и Мирослав Јованов. За измените гласале 54 пратеници, немало против и воздржани.
Токму намалувањето на прагот за плаќање во готовина беше еден од клучните владини адути во борбата против сивата економија.

Таа сума првично беше 15 илјади евра, па власта во неколку наврати ја намалуваше, прво на 2.000, па на 1.000 и во јуни годинава на само 500 евра.

И додека премиерот Зоран Заев, екс министерот за финансии Драган Тевдовски и директорката на УЈП, Сања Лукаревска, постојано повторуваа дека на тој начин власта се бори со сивата економија, стопанствениците од албанскиот блок, пред се од Стопанската комора на Северозападна Македонија, постојано повторуваа дека овој закон е преригорозен и ги ограничува во водењето на бизнисот.

„Вака утврдената одредба во периодот од нејзината примена од 1 јуни 2019 година до денес предизвика ограничувања за голем број на граѓани, кои согласно со своите потреби правото за плаќања со готовина за стоки и услуги за износ поголем од 500 евра во денарска противвредност не можат искористат заради ограничувачката одредба која наметнува дополнителини обврски за граѓаните. Заради ограничувачкиот законски износ во многу секојдневни ситуации со кои се судираат граѓаните потребна е предметната измена на законот и нејзино усогласување со правните прописи за вршење на готовински плаќања со земјите од Европската Унијакако што се: Белгија, Италија, Унгарија, Чешка, Полска, Латвија, Словенија и други“, се вели во образложението.

Со Предлог на законот за изменување на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам ќе се зголеми износот за плаќање со готовина на стоки и услуги во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, што не е извршено преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги, велат предлчагачите.

А од предлагачите, тројца пратеници се од ДУИ, тројца од СДСМ, што значи дека овој закон е предложен и донесен во дослух со власта.
Фактор бараше од Министерството за финансии став за овие законски измени, но не доби одговор до подготовката на овој текст.

ФАКТОР

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пецаков оствари протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја.

Денес остварив протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја. Непосреден повод за средбата е отворањето на изложбата „UKIYO –...

Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка е полицаец

Насловна / Македонија Објавено на: April 26, 2024 Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка е полицаец! Разбојникот од Непроштено кој со автомат ограби казино во тетовското село Лешок бил...

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...