16.1 C
Ohrid
понеделник, мај 12, 2025
ПочетнаМакедонијаПочеток на светот е водата, почеток на Евангелието е Јордан“: За многу...

Почеток на светот е водата, почеток на Евангелието е Јордан“: За многу години Водици, Бог се јави !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Кога Господ Исус наврши триесет години од телесното раѓање, го започна Својот учителски и спасителен подвиг. И самиот почеток на тоа го означи со примајќи Крштение на Јордан. Како што вели Свети Кирил Ерусалимски: „Почеток на светот е водата, почеток на Евангелието е Јордан“. Кога Исус Христос се крштеваше во водите на Јордан, на светот му се објави онаа тајна која во Стариот Завет само се навестуваше, за која во Мисир и во Индија единствено се баснословеше: тајната на Божествената Троица.

<

Отецот му се јави на сетилото за слух, Духот на сетилото за вид, а Синот дури и на сетилото за допир. Отецот го изговори Своето сведоштво за Синот, Синот се крсти во вода, а Светиот Дух во вид на гулаб лебдеше над водата. И кога Свети Јован Крстител посведочи и рече за Христа: „Еве го јагнето Божјо кое на Себе ги зеде гревовите на светот“ (Јован 1, 29) и Го потопи и Го крсти во Јордан, со ова се укажа на Христовата мисија во светот и на патот на нашето спасение.

Зашто Господ ги зеде врз Себе гревовите на родот човечки и под нив умре (пототпувањето) и оживе (излегувањето од водата); а и ние мораме да умреме како стар и гревовен човек, а да оживееме очистени, обновени и преродени. Тоа е Спасителот и тоа е патот на спасението. Празникот Богојавление (на грчки Теофанија) се нарекува и Просветлување.

Зашто настанот на Јордан н ? просветлува, прво: покажувајќи ни Го Бога како Троица еднобитна и неразделна. И второ: бидејќи секој од крстените во вода се просветлува бивајќи восиновен од Отецот на светлината, со заслуга на Синот, со силата на Светиот Дух.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

(Видео) Тензично во кочанско Тркање: Граѓаните протестираат, градоначалникот ги искара дека не разговарале институционално

Тензично во кочанско Тркање денеска на најавениот претсот во врска со уништениот пат. Жителите револтирани бидејќи нивниот пат е уништен, не можат да минуваат,...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска го откри најтешкиот ден во неговиот живот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска го откри најтешкиот ден во неговиот живот – трагичниот 16 март, кога во дискотеката „Пулс“ во Кочани животот го загубија...

Беровчанец со трактор се превртел и паднал во река

На 11.05.2025 во 15.04 часот во Полициската канцеларија Пехчево било пријавено дека околу 14 часот на шумски пат, кај место викано „Скокото“ кај Равна...

Младиот кривопаланчанец се извини за малтретирањето на кучето и ја појасни ситуацијата. (Видео)

23-годишникот А.А. од Крива Паланка јавно се извини за малтретирањето на кучето на автопатот во градот. Откако во јавноста се појави видео на кое...