26.9 C
Ohrid
понеделник, јули 26, 2021
Почетна Македонија Вакцинираните во Албанија ќе добијат документ кој ќе им служи како пасош...

Вакцинираните во Албанија ќе добијат документ кој ќе им служи како пасош за да може да патоваат во странство…

Translate (Eng):[gtranslate]

Албанската министерка за здравство Огерта Манастирлиу изјави дека лицата кои ќе бидат вакцинирани против Ковид-19, ќе добијат документ издаден од владиниот портал е-Албанија, што може да послужи како „пасош за патување“ во странство.

-Планиравме и подготвени сме преку е-Албанија да го добиеме форматот за вакцинација. Така да секој кој ја примил првата доза од вакцината ќе добие „пасош за патување“ во странство преку код скениран преку е-Албанија, рече таа.

Додаде дека поради познатите причини кои ги објави Фајзер доцни испораката на договорените над 10 илјади вакцини од оваа компанија, кои требаше да пристигнат првите денови од третата недела на овој месец.

РЕКЛАМА

Порад зголемениот број на новозаразени со Ковид-19 упати апел до граѓаните и деловните субјекти строго да ги почитуваат мерките и протоколите.

Инаку, во последното деноноќие од направените 3.314 тестови, позитивен резултат е добиен кај 739 што е околу 23 отсто од тестираните.

Во списокот на оздравени се внесени 469, битката со опасниот вирус ја загубиле седум лица, сите во болнички услови, додека во четирите ковид болници се хоспитализирани 274 пациенти.

сител

- Реклами -