32.9 C
Ohrid
вторник, август 12, 2025
ПочетнаМакедонијаСакале или не, попис сепак ќе има: Пендаровски го потпиша Законот за...

Сакале или не, попис сепак ќе има: Пендаровски го потпиша Законот за попис

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Претседателот Пендаровски го потпиша указот за Законот за попис. Пред да стави потпис, како што соопшти неговиот Кабинет, Пендаровски се консултирал со правни експерти.

<

-Претседателот Пендаровски очекува процесот на спроведување на пописот да не се политизира, а добиените податоци да бидат од корист за севкупниот развој, со што ќе се овозможи формулирање на долгорочни стратегии во виталните области во државата, велат од неговиот кабинет.

Опозицијата обвинува дека власта со овој Закон создала недоверба во општеството и ги распалила политичките желби и наддавања. Пратеничката Иванка Василевска вели дека ВМРО-ДПМНЕ е за да се спроведе попис, но според неа, овој закон има многу недоречености.

-Кај ниту еден од нас не постои намера да се повика на бојкот. Ние не можеме да го натераме кој било македонски граѓанин да бојкотира, бидејќи на тој начин ќе учествуваме во нечие друго сценарио што е далеку од наша политичка прагма и нас не интересира, вели Ивановска.

Според власта, пак, токму ова законско решение гарантира статистичка, а не политичка операција, како што обвинува опозицијата.

-Законот за попис усвоен во Собранието, гарантира одржување на оваа значајна статистичка операција според меѓународните стандарди, според стандардите на Евростат. Опозицијата да не го партизира пописот и да не ги инволвира граѓаните за нивни партиски поени, бидејќи на сите им е јасно колку е значајна оваа статистичка операција и колку е голема должноста на сите граѓани да се вградат во нејзиното спроведување, велат од СДСМ.

Во меѓувреме, претставниците од владејачките партии од албанскиот блок не престануваат да лицитраат со бројки за пописот.

Според Законот за попис, граѓанин кој ќе одбие да даде податоци или доколку даде неточни податоци ќе се соочи со глоба од 200 до 300 евра. За попишувачите кои ќе уништат, прикријат или преправаат податоци од пописната апликација се предвидува и три до пет години години затвор.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вработените на Урологија се откажале од парите за службени мобилни и наместо тоа купиле 18 клими за пациентите

Универзитетската клиника за урологија денеска ја промовираше новата, целосно реновирана болничка инфраструктура, како дел од широк инвестициски и реформски циклус, кој опфаќа модернизација и...

Циркузот продолжува: Директорката Лозановска не сака да зборува на англиски иако положила курс во Бугарија.

Во последните денови, јавноста со големо внимание го следи случајот со поранешната директорка на училиштето во Демир Хисар, Маја Лозановска, кој повторно ја отвори дебатата...

Ахмети: Јас резервна татковина немам- Мојот прадедо и дедо почиваат во кичевско.

Тогаш и денес, јас друга држава немам. Јас резервна татковина немам. Мојот прадедо и дедо, моите татко и мајка, почиваат во Зајас, Кичевско, вели...

Полицијата приведе две лица- Му се заканувале на градоначалникот и на неговото семејство

На 12.08.2025 во 02:20 и 02:50 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.Д.(33) и Т.П.(34), двајцата од Росоман,...